• четврток, 07 ноември 2024

Милевски: Максимален пристап за двата меча против Фарски Острови и Ерменија

Милевски: Максимален пристап за двата меча против Фарски Острови и Ерменија

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги искажа очекувањата за претстојните натпревари од Лигата на нациите против Фарски Острови и со Ерменија.

- Фарски Острови се незгоден противник, агресивен и дисциплиниран противник. Се игра на вештачка трева и ќе мора да се навикнеме и на тој момент. Мора да сме на максимумот на можностите, сите ставени во функција на тимот, но со респект кон секој противник во групата. Фарски Острови не се наивни, условите ќе бидат тешки и мора да се потрудиме максимално. Оваа Лига на нации, дава можност за пласман на Светско првенство, но патот до таму е навистина тежок. Не очекуваат противници кои се незгодни, физички одлично подготвени,играат дисциплинирано и со доста динамика. Мирен сум дека пред септемврискиот циклус, речиси сите ги минаа подготовките и се максимално подготвени, за разлика од јунскиот прозорец кој секогаш ни бил проблематичен, изјави Милевски. 

Првиот натпревар против Фарски Острови се игра на 7 септември од 15 часот, а вториот дуел е закажан на 10 септември од 20:45 часот против Ерменија во Скопје. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан