• петок, 03 јануари 2025
МИА Флеш

    31 декември 2024

 

Скопје - Драги сограѓани, драги сопатници во заедничкото македонско патување и патешествие, во нашето споделување на арното и лошото, денеска е тој ден, најден, со заслужени суперлативи – најдолг, најсреќен, најубав, ден кога нешто оставаме како спомен од минатото и со себе ја земаме надежта за поубава година, се наведува во честитката што денеска ја упати претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници. 

Во годинава што изминува, посочува, бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка.

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши со видео-обраќање објавено на неговиот фејсбук-профил им ја честита на граѓаните Новата 2025 година.

Во обраќањето спикерот Гаши посочува дека изминатата 2024-та била година на предизвици и суштински промени, а дека претстојната 2025-та „ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава“.

Скопје - Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Министерството за одбрана на предновогодишна средба со вработените се обратиле и доделиле признанија на пензионирани припадници, офицери и подофицери од Армијата за нивниот професионален ангажман, достигнувања и придонес во реформите на Армијата. На средбата, соопштија од МО, свечено во чин полковник биле унапредени двајца офицери на Армијата.

Скопје - На последниот ден од годината остварив работна средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски на која разговаравме за досегашната соработка и можностите за унапредување на истата во иднина, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот фејсбук профил.- Се договоривме со здружени сили да работиме во сите области каде имаме заеднички интерес, сѐ со цел да изградиме модерна полиција и модерна армија како што доликува на една современа европска држава, напиша Тошковски и упати благодарност до министерот за, како што подлвекува, неговата континуирана посветеност насочена кон подобрување на меѓуинституционалната соработка во интерес на македонските граѓани.

Скопје - Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука.

- Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам треба да бидат спокојни затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда за тоа, рече премиерот Христијан Мицкоски, на заедничка прес-конференција во Владата со министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Скопје – Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3 176, од кои 2 654 странци, а се отселиле 2 377 лица, од кои 2 034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика.

Најмногу од доселените странци се од Европа – 2 527, од кои 2 049 од Турција.

Со Европа имаме позитивно миграциско салдо во 2023 година. Од европските држави во земјава се доселиле вкупно 2 953 лица, додека се иселиле 2 127 граѓани. Најмногу доселени имаме од Турција – 2 083, потоа следи Косово – 177, Србија – 121 и Германија – 99 лица. 

Од земјава најмногу во Европа лани заминале во Германија – 749, Турција – 284, Швајцарија – 237, Италија – 136 и Словенија -124 граѓани. 

Куманово - Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски во денешната новогодишна честитка до граѓаните повика на сплотеност и соработка за остварување на поставените цели и проекти.

Димитриевски порачува да се реализираат нови идеи, поуспешни од претходните.

Скопје - Oд јануари до 20 декември годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан во висина од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

 Учеството на електронската наплата се движи околу 33 проценти.

Скопје - Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа.

Кај машкит деца, пак, најчести имиња покрај Лука се и Дамјан, Матеј, Марко, Јаков, Михаил, Давид, Јован, Петар, Матео, Алексеј и Андреј.

Бројот на живородени деца во земјава, според евиденцијата на Државниот завод за статистика, заклучно со септември годинава изнесувал 11 694, и бележи намалување во однос на 2023 година.

Штип - Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се  млади херои кои покажаа дека вистинското знаење се мери не само со училишните успеси, туку и со неговата примена во најважните моменти од животот. Овие деветгодишни деца пред три дена во паркот во населбата Осми Ноември спасија човечки живот. Марко Ташков денеска за МИА изјави дека минатиот петок играјќи фудбал во паркот во нивното маало, забележале дека на дедото на едно од нивните другарчиња, кое учи во училиштето паднал во безоснание, по што веднаш реагирале.

Неготино - Секоја поддршка во земјоделството е добредојдена, но кога таа е навремена, е многу поефикасна за следното производство, рече денеска во изјава за МИА, Васе Мојсовска, земјоделка, претседателка на Националната федерација на фармери, осврнувајќи се на резултатите од годинава што изминува и очекувањата во наредниот период.

Куманово - Илјада и двесте парчиња пиротехнички средства одзеде кумановската полиција во два одделни случаи на подрачјето во поширокиот кумановски регион, соопшти денеска СВР Куманово. 

Вчера во 12:30 часот на градскиот пазар во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(51) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени околу 700 парчиња пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Скопје – Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Македонија, Едиз Спахиу, ги засили редови на Вардар пред пролетниот дел на прволигашката сезона, објави денеска најтрофејниот македонски клуб.
Дваесетитригодишниот напаѓач доаѓа во Вардар од редовите на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна четири голови на 18 натпревари.

Велингтон - Новата 2025 година пристигна во Нов Зеланд, а во Окленд беше пречекана со огномет со кој им беше одадена почит на домородните племиња, јавува Би-Би-Си.

Новата година во соседна Австралија ќе пристигне за нешто повеќе од 1 час, а во пристаништето во Сиднеј ќе биде пречекана со традиционален огномет на кој ќе присуствуваат околу милион луѓе.

На дочекот ќе настапи британскиот пејач Роби Вилијамс.

Варшава – Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) ги ангажираше компанијата Ербас Ерборн солушнс (ADAC) и Воздухопловната индустрија на Израел (IAI) за задачи за надзор на поморските патишта од воздух со беспилотни летала од типот Херон (чапја).

Се работи за четиригодишен договор кој ќе почне да се спроведува на почетокот на 2025 година, објави порталот Балканска безбедносна мрежа, пренесува Бета.

Амстердам – Цените на гасот на европската берза ТТФ годинава пораснаа за околу 45 отсто и се очекува да продолжат да растат, особено поради прекинот на испораката на руски гас преку Украина од 1 јануари.

Гасот што се испорачува преку Украина претставува помалку од пет проценти од вкупните потреби на Европа за овој енергенс, но неговата загуба дополнително ќе го оптовари и онака тесниот пазар, пренесува Трејдинг Економикс.

Кардиф - Итната помош во Велс денеска соопшти дека прогласила вонредна состојба поради големиот број повици и барања за интервенција поради различни респираторни инфекции.

Службата наведе дека пред прогласувањето на вонредната состојба синоќа имало повеќе од 340 повици, додека повеќе од половина од возилата на Итната помош чекале пред болниците за да ги предадат пациентите.

Пекинг - Кина денеска одговори на наводите на американското Министерство за финансии дека Пекинг е одговорен за кибер напади што овозможиле заобиколување на безбедноста и кражба на документи, опквалификувајќи ги како „неосновани“.

„Постојано го изразуваме нашиот став за таквите неосновани обвинувања што немаат докази“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовната прес-конференција во Пекинг.

Тунис - Најмалку двајца мигранти од Тунис, меѓу кои и едно петгодишно дете го загубија животот, а 17 други се спасени по бродоломот во близина на брегот на таа земја, соопшти денеска Националната гарда.

Како што се додава, по инцидентот се уапсени четири лица, под сомнение дека се „вклучени во транспорт на мигранти и организирање тајни премини“, пренесува АНСА.

Бризбејн – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП – 7.) на стартот од новата сезона го совлада Австралиецот Ринки Хиџиката (АТП – 73.) со 6:3, 6:3 и со победа во првото коло на АТП турнирот 250 во Бризбејн ја почна соработка со неговиот нов тренер Енди Мареј.

Ѓоковиќ (37) не се соочи со ниту една „брејк“ топка во текот на 75-минутниот дуел, а со еден одземен сервис во првиот и два во вториот сет оствари убедлива победа.

Лос Анџелес - Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за нивниот развод по осум години правна битка, изјави адвокатот на американската глумица за тамошните медиуми.

- Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-н Пит. Таа и децата го напуштија заедничкиот имот и оттогаш му се посвети на барањето мир и закрепнување за целото нејзино семејство. Ова беше долг процес што почна пред осум години. Анџелина е исцрпена, но чувствува и олеснување што овој дел (од животот) е зад неа сега, рече адвокатот Џејмс Сајмон.

Њујорк - Американскиот рапер Џеј-Зи и неговиот адвокат Алекс Спиро ја продолжуваат судската битка против обвинувањата дека тој, затворениот Шон Комбс - Диди и сè уште неименувана „второкласна“ славна личност од женски пол (во поднесокот: „Селебрити Б“), учествувале во повеќекратни сексуални напади врз 13-годишно лице.

Тагови

Остани поврзан