• вторник, 23 јули 2024
МИА Општински пул

23 јули 2024

Штип - Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Првиот човек на штипските пожарникари во штипска Клиничка болница е хоспитализиран синоќа околу 20.30 часот и е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран.

Скопје -  Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот во рамки на кои на територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се меѓу другото и 20 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за користење мобилтен телефон при возење, како и шест мерки за некористење сигурносен појас.

Скопје - Радовишката полиција синоќа во 20.15 часот го лишила од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче, кој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Скопје - На магистралниот пат за Граничен премин Долно Блаце, вчера во 17.45 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.А.(49) од Скопје.

МВР денеска соопшти дека при преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека врши нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола. 

Скопје - Прекинато водоснабдување утрово ќе имаат дел од корисниците во Батинци и во село Усје.

ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм.на улица 1 бб. н.Батинци. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица 1 н.Батинци . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување на работните активности.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот поради дефект на приклучна цека на ул. 4 бр.73.во село Усје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Скопје - Поради дефект на затварач (Огрлица) Ф 300мм. на улица Костурска 2, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од следните улици: Костурска, Љуба Иванович и Црвени Брегови во општина Карпош.

Како што информираат од ЈП Водово и канализација водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на работните активности.

Охрид -  Програмата на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со концертот на нашето пијано дуо - Марија Ѓошевска и Славица Мицовска.

Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Често настапува како камерен музичар и пијано соработник со истакнати инструменталисти. Ѓошевска е еден од македонските учесници во проектот „Пијано – рефлексија на европската култура” со концерти во пет земји: Франција, Австрија, Полска, Молдавија и Р.С. Македонија. 

Скопје - Во рамки на 45-та јубилејна манифестација „Скопско лето“, вечер во Сули ан ќе биде изведена комедијата „Веселинови“ во продукција на Драмското студио „Бронзена наметка“ - Штип.

Во претствата играат Оле Поцкова во улогата на Весела и Игор Стојанов - Баркли во улогата на Веселко. 

Како што информира Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, претставата е авторски проект на Трајче Кацаров. 

Скопје - Во организација на Културниот центар „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“, од денеска до 1 август во главниот град ќе се одржува „Скопје вибрира“ - поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности.

„Скопје вибрира“ е повеќедневен настан, лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“, и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска и забавна програма.

Остани поврзан