• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Општински пул

14 април 2025 

Тетово - На бројот за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна нива во близина на „Еко Флор Плус“ во село Боговиње.

Како што информира денеска ЦУК, веднаш по примањето на пријавата, вработени од Полициската станица Камењане пристигнале на местото.

Скопје - Без вода денеска од 10:15 часот ќе остане дел од населбата Драчево. Причина за прекинот е дефект ф-125 мм на улицата „Жарко Зрењанин“ 79.

Вода нема да имаат корисниците од улиците „Жарко Зрењанин“, дел од „Малешевска“, „Коперникова“, „Славка“, „Маркова Река“ и „Јанко Мишиќ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Скопје - ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Ѓорче Петров“ 153 , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од неколку во општина Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот, за корисниците од улиците „Црногорска“, „Мијачка“, „Гостиварска“ и дел од „Борис Сарафов“.

Остани поврзан