24 март 2023
Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 6/12:00)
Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер ќе го посетат реновираниот дел на Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија. (10:00, предвидени се изјави за медиумите)
Скопје - Министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и секретарката на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска ќе го означат почетокот на работата на „Нега Центар Кисела Вода“. (Општина Кисела Вода, барака бр.6/10:00)
Неготино - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов ќе присуствува на промотивниот настан „Отпадот е само отпад доколку не е обработен" - со циркуларна економиіа - до храна, енергија и други производи. (Винарија „Бовин“/12:00)
Битола - Завршна конференција во рамки на Иновативната иницијатива за мобилизација на заедницата „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила“ во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив-Битола. (х.„Бела куќа“/13:00)
Скопје - Гете-институт од Скопје по повод интерактивна патувачка изложба „Вселена.Човек.Интелигенција.“ посветена на врвните истражувања во Германија ќе одржи брифинг за новинарите. („Бруталиск“/11:00)
Скопје - Во организација на Халкбанк ќе се одржи настан посветен на креирањето на можности за поголема финансиска слобода на жените. (х.„Хилтон“/18:30)
Скопје - Промоција на второто издание на „Среќата е глагол“ од Стефан Марковски. (Makka bar/19:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***