Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk повторно е во функција
- Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk е повторно во функција.
Скопје, 21 април 2026 (МИА) - Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk е повторно во функција.
-Со завршувањето на активностите за техничка интервенција и надградба на опремата, овозможено е повторно нормално функционирање на порталот и достапност на електронските услуги за граѓаните, се наведува во соопштението.
Од Министерството изразуваат благодарност на граѓаните за покажаното трпение и разбирање за време на привремената недостапност и како што велат, „остануваат посветено на обезбедување сигурни, стабилни и достапни дигитални услуги“. дма/са/
Фото: Министерство за дигитална трансформација