• четврток, 16 април 2026
МИА Најави МКД

27 март 2026

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/11:30)

Скопје - Седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 5/12:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/12:00)

Охрид - Петти интерпарламентарен форум на делегациите од Југоисточан Европа во ПС на ОБСЕ. (х.„Инекс Олгица“, конференциска сала „Дијамант“/10:00)

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод одбележување на 20 години работење и инвестиции во енергетската инфраструктура ќе присуствува на отворање на нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје. (ул. Ленинова бр.45/12:00 предвидена е изјава за медиуми)

Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер ќе се обратат на настан по повод одбележување на Светскиот ден на водата 2026. (х.„Холидеј Ин“/12:00)

Ранковце - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ ќе посети населени места во општина Ранковце. (Опила/18:00, Псача/19:00, изјава за медиуми пред настанот во Опила) 

Скопје - Во Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите на која ќе биде презентиран трудот: „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од Кирил Симеоновски. (Народна банка/13:00)

Скопје - Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи јавна презентација на резултатите од годишната анкета Business & Investment Indicator 2025. (Стопанска комора, сала 4, 5-ти кат/12:00)

Скопје - По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар ќе потпише Договор за покровителство со Динес клуб интернатионал Мак АД Скопје. (Драмски театар, 12:00, изјави за медиумите по потпишувањето на договорот) Крводарителска акција во организација на ДТС (фоаје на театарот/11:00-17:00)

Скопје - Почнува 32. издание на Fashion Weekend Skopje. (Diamond Area Space)

Битола - Завршен настан за проектот „Младите и менталното здравје“. (Офицерски дом/11:30)

Скопје - Праизведба на „Кој сум јас?“ од Митко Чешларов во режија на Наташа Поплавска. (Театар Комедија/20:00)

Скопје - Миланова игра, концерт во чест на маестро Милан Завков. (Филхармонија)

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан