МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 6 декември 2024
6 декември 2024
Охрид - Претседателот на Собранието, Африм Гаши во посета на Охрид.
- Средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков (12:40-13:20)
- Посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните во Охрид (13:30-14:10)
-Средба со семејството Филеви, кое се занимава со изработка на охридски бисери (14:20-14:50)
Скопје - Втора седница на Економско социјалниот совет. (Свечена сала на Влада/12:00)
- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција по одржувањето на седницата на Економско социјалниот совет
Тетово - Завршен настан на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион“, на кој ќе присуствуваат и поздравни обраќања ќе имаат првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Улман и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Армен Григорјан. (Простории на Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“/11:00)
Велес - Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе присуствуваат на Денот за високи гости и затворањето на вежбата „Maple Arch 24“ која се реализира во нашата држава од 25 ноември. (Касарна „Алексо Демниевски - Бауман“/11:00/Медиумските екипи да пристигнат на влезот во касарната најдоцна до 10.40)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и американската амбасадорка Анџела Агелер ќе се обрати на церемонијата на полагање свечена заклетва на 27-мата група волонтери на Мировниот корпус. (Музеј на македонската борба за самостојност/12:00- 13:00/Изјави за медиумите/11:40)
Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција. (Министерство за здравство, горна сала/13:00)
Скопје - Одбележување на патрониот и државен празник - 8 Декември и на единаесеттата научна средба на тема „Силината на словото“ на Свети Климент и македонското историско, културно и духовно наследство. (Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, одбележувањето ќе се одржи во 11:00, а научна средба во 12:00)
Скопје - Осми Светиклиментов научен собир на тема „Мирот Божји и мирот човечки“ во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“. (Свечена сала на факултетот/10:00)
Тетово - Во рамки на подобрување на патната инфраструктура на целата територија на општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами, ќе ја пушти во употреба реконструираната улица “Радован Цониќ” (улица на бутиците). (13:30/ Градоначалникот Касами ќе даде изјава за медиумите)
Штип - Промоција на бесплатна правна помош дел од Проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”. (Градски пазар/10:30)
Скопје - Платформата на граѓански организации што спроведуваат активности за превенција на ХИВ и други крвно и сексуално преносливи инфекции меѓу ранливи групи граѓани ќе одржи прес-конференција. (Пред Влада/ 10:30)
Скопје - Коалицијата ВЛЕН ќе одржи прес-конференција. (Простории на Алтернатива во Т.Ц. Мавровка- Скопје/13:00)
Скопје - Одбележување на 80 години од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) на Македонија. (Парк „Жена Борец“, пред Споменикот на жената борец/11:00)
Битола - Петти Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО. (Офицерски дом Битола/10:00)
Скопје - Завршна конференција на проектот „Образување и економско зајакнување на жените“ на тема „Никогаш нема да бидеш сама“ на која свои обраќања ќе имаат претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. (х.„Александар Палас“, конференциска сала 2/19:00)
Скопје - Работилница со студенти на Архитектонскиот факултет на УКИМ на тема „Иднината на киното во Железничката зграда“ во организација на Факултет за работи што не се учат - ФРУ. (16:00-20:00)
Скопје - Културно едукативниот центар „Лабораториум“ организира дискусија на која ќе го промовира новиот Senior kLab - иницијатива посветена на создавање простор кој одговара на потребите и интересите на пензионерите.(Културно едукативен центар „Лабораториум“/10:00)
Букурешт - Изложба на плакати „Мaкедонска глаголица” на македонскиот уметник Лазе Трипков. (Национален музеј на романската литература (МNLR))
Скопје - Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис. (Кинотека на Северна Македонија/19:00)
Скопје - Годишен концерт наречен „Блесок“ на Факултетот за музичка уметност по повод 58 години од своето постоење. (Филхармонија/20:00)
Скопје - Отворање на патувачката изложба „Толеранција“ на Мирко Илиќ. (Архитектонски факултет во Скопје/19:30)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***