МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 23 април 2025

23 април 2025
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 41-та и 43-та седница. (Сала „Македонија“/11:30/11:45)
Скопје - Посета на известители на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, задолжени за Постмониториг дијалогот на Република Северна Македонија со Советот на Европа.
-Средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Стар кабинет/13:00)
-Средба со Комисијата за уставни прашања. (Сала на Уставна комисија/13:20)
-Средба со Законодавно-правната комисија. (Сала 5/14:10)
-Средба со Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. (Сала 5/14:10
-Средба со Никола Мицевски, координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „Твоја Македонија“. (Сала на Влада/15:50)
-Средба со Оливер Спасовски, координатор на ПГ на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина. (Сала на Влада/16:25)
-Средба со Блерим Беџети , координатор на ПГ на ДУИ и Коалицијата „Европски фронт“. (Сала на Уставна комисија/17:00)
-Средба со Халил Снопче, координатор на ПГ на ВЛЕН. (Сала на Уставна комисија/17:35)
-Средба со Бобан Карапејовски, координатор на ПГ на Движењето ЗНАМ. (Сала на Уставна комисија/18:10)
-Средба со Борислав Крмов, координатор на ПГ на Левица. (Сала на Уставна комисија/18:45)
Скопје - Конференција „Поврзување на политиката и праксата: Зајакнување на парламентарниот надзор во промоција и заштита на човековите права“. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/10:30)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, амбасадорот на Шведска во Северна Македонија Ами Ларсон Џаин и Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската унија - експерт на УНОПС ќе се обратат на Тркалезната маса за предизвиците и придобивките од Планот за раст за Западен Балкан. (Влада на РСМ, свечена сала/11:00)
Скопје - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе се обрати на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Чешка и Северна Македонија. (Парк Хотел & Спа / 9:30)
Лондон - Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во дводневна работна посета на Обединетото Кралство.
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на настан на Машинскиот факултет во Скопје, организиран по повод отстапување на индустриска опрема за Лабораторијата за производни технологии и процеси од страна на компанијата ЛТХ Леарница Охрид. (Машински факултет, ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр.18/11:00)
Штип - Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ организира настан на тема „Вештачка интелигенција во функција на наставата“. (Факултет за образовни науки/12:00)
Скопје - Тркалезна маса „Зелени пратенички групи на Западен Балкан – средба со Транспортната заедница“. (х.„Мериот“, отворен дел за медиуми со можност за снимање и изјави за медиумите/9:30-10:00)
Куманово - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и пратеникот Бране Петрушевски ќе извршат увид во градежните активности на регионланиот пат Р1104 Куманово транзит. (ул. „Никола Тесла“/10:00)
Скопје - Прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. (СДСМ/12:00)
Скопје - Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов ќе одржи прес-конференција. ( Зграда на ССМ, 10 кат / 12:30)
Скопје - Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков ќе одржи прес-конференција за неисплатата на платата за март на вработените во установите од дејноста култура. (сала за состаноци на СОНК маџир маало/11:00)
Скопје - Онлајн работилницa „Вовед во дигитална безбедност во контекст на цензура и надзор“ во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права со поддршка од БИРН – Балканска репортерска истражувачка мрежа. (13:30)
Скопје - Прес-конференција на Иницијативата за спас на Волково. (пред зградата на општина Ѓорче Петров/11:00)
Скопје - Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право кој е прогласен од УНЕСКО во 1995 година. (13:00)
Охрид - Прес-конференција на која ќе биде претставена програмата на годинешното 65.издание на фестивалот „Охридско лето“. (х.„Инекс Олгица“/12:00)
Битола - Прес-конференција на Македонско научно друштво (МНД)-Битола, а по повод јубилејот 65 години од основањето на МНД-Битола. (Универзитетска библиотека/11:00)
Скопје - Седмо издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ со две изложби. (Сули ан/19:30)
Скопје - Промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков. (Кафе-книжарница „Буква“/19:00)
Скопје - Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“. (Даут пашин амам/20:00)
Тирана - Недела на македонската култура со концерт на Ема Попивода - пијано и Реа Лемнуша-DJ, во организација на македонскиот Културно-информативен центар и амбасадата во Тирана. (Концертна сала на православната црква/20:00)
Битола - УКЛО-Тривиум, натпревар во ораторство. (Офицерски дом/12:00)
Скопје - 16то Државно првенство на бармени во организација на Здружението на Бармени на Македонија. (х.„Мериот“/11:30, финале/18:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***