24 мај 2025
Рим - Продолжува посетата на македонската државно-црковна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљаноска - Давкова:
- положување цвеќе на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Св. Кирил и Методиј
- посета на гробот на папата Франциск
- присуство на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчевски
Охрид - Премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј ќе се обрати на свечената академија „Светлиник низ векови и за иднината“ што ќе се одржи во Св. Софија. (13:30)
Кочани - „Марш на ангелите“ во организација на семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. (Градски парк/16:00)
Битола - Едночасовен концерт на воениот оркестар од Армијата на Република Северна Македонија и воениот оркестар од Вермонт, САД како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Immediate Response 25“. (Плоштад „Магнолија“/13:00)
Скопје - Хуманитарна изложба во Скопје ЗОО: Биди суперхерој за животните. (12:00)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***