• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

5 октомври 2025

Скопје -  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на канализациона мрежа во Општина Василево. (14:00)

Скопје - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска ќе ја отвори националната кампања „Магијата е во знаењето“ по повод Светскиот ден на учителите 5 октомври. (Домот на култура „Билјана Беличанец“/10:00)

Скопје - Самостојна изложба на концертниот фотограф Марко Угарковиќ со наслов „Сенки / Светло / Сцена“. (Фоаје на Националната опера и балет ќе се отвори првата/19:00)

Скопје -  Бесплатен концерт на најперспективниот алтернативен македонски бенд - Луфтанза. (Пред платото на Дом на АРМ/12:00)

Скопје - Концертот на млади музички таленти, традиционален дел од програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“’. (Музеј на македонската борба/20:00)

Битола - Концерт на „Интерфест Битола 2025“, дуо Иларија Константино и Мартина Џордани, Италија (Музичко училиште / 20:00)

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025:

Ново Село/Василево/Босилово/Радовиш/Струмица - Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ - „Вистинскиот избор твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ во Ново Село (16:00), Василево (17:00), Босилово (17:00), Радовиш (18:30) и во Струмица. (20:30)

Македонска Каменица/Пехчево/Берово/Делчево - Изборниот караван на СДСМ и коалицијата - „Се бориме за нашиот дом!“ со митинзи во Македонска Каменица (17:30), Пехчево (17:30), Берово (18:30) и во Делчево (20:00)

Скопје - Средба со граѓани на кандидатот за градоначалник на Град Скопје предложен од Левица, Амар Мециновиќ во Ѓорче Петров кај пазарчето (10:30), Градски парк кај Фонтана (12:00) и пред Сити мол (13:30)

Скопје - Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски. (Општина Ѓорче Петров, на раскрсницата меѓу улиците Македонска војска и улица „Ѓорче Петров“/12.00)

Скопје - Изјава за медиуми на носителката на листата за советници на Град Скопје од СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска. (пред СУГС Никола Карев/10:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, во соработка со светски познатиот архитект г. Бајрам Вардар,   ќе го презентира Мастер планот за Чаир, резултат на два месеци интензивна работа на екипа од експерти во областа на
урбанистичкото планирање и архитектура. (Платото на Куршумли ан, до Музејот на Северна Македонија/12:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, г. Билал Касами, ќе одржи прес-конференција. (плоштадот „Илирија“/12:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, од редовите на ДУИ Бујар Османи (Парк Чаир, позади Веро-Чаир/12:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски, од коалицијата „Искуство за успех. (Градски трговски центар – во близина на кино „Милениум“/12:00)

Битола - Прес конференција на Социјалистичката партија на Македонија, општинска организација од Битола на која ќе се обратат Тони Коњановски-кандидат за градоначалник и Филип Поповски-носител на советничка листа. (Широк сокак 91 во Битола, седиште на Социјалистичка партија на Македонија меѓу Равена и Кино Манаки, на втор кат до хрватскиот конзулат/11:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан