МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 5 септември 2024
5 септември 2024
Скопје – Министер за надворешни работи на Република Турција Хакан Фидан во официјална посета на Република Северна Македонија:
- пристигнување и пречек пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (10:30)
- тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи и тргоција Тимчо Муцунски (10:35)
- билатерална средба на која покрај министрите ќе присуствуваат и делегации на двете министерства (11:00)
- заедничка прес-конференција на министрите Муцунски и Фидан (11:45)
- средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши (Сала на Уставна комисија, Собрание/ 12:15)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)
Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/ 11:30)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/ 13:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе одржат прес-конференција. (Медија центар на Влада/11:15)
Скопје - Министерката за образование и наука проф Весна Јаневска, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман и извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев ќе ја посетат компанијата „Каз груп“ во Скопје, која е вклучена во реализација на концептот на дуално образование. (ул.„24“, бр.29, Илинден, https://maps.app.goo.gl/pshi33Db7XTv6T6SA/12:00)
Скопје - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ќе ги додели првите потврди - ваучери за одмор за работници со ниски приходи кои ги доделува Министерството за економија и труд. (Простории на министерството, сала на први кат/12:00)
Карбинци/Штип - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе го посети археолошкиот локалитет Баргала во Општина Карбинци и националните установи од областа на културата во Штип. (Изјава за медумите пред Народен театар - Штип/12:15)
Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција по повод опремувањето на сите училишта во општината со прочистувачи на воздух. (Подрачно основно училиште „Кузман Јосифовски- Питу“ во Црниче/11:00)
Скопје – На празникот Света Мајка Тереза по повод 25 години од епископството на монсињор Киро Стојанов и пет години од посетата на папата Фрањо во Македонија, ќе се служи свечена света литургија. (во катедралата „Пресвeто Срце Исусово“/ 18:00)
Скопје – Општина Гази Баба по повод 8 Септември, Денот на независноста организира музички настан под мотото „Македонија живее“. (плоштад во Автокоманда/ 20:00)
Скопје – „Младинска моќ за единство: Градење мултикултурна иднина“, во рамките на проектот „Младински активизам за мултикултурализам - да се негува, да се дејствува!“ во организација на Аналитика тинк-тенк. (Франклин Бар анд Кичен/ 12:30 – 14:30, изјави за медиумите од 12:20 до 12:30)
Скопје - Факултетот за општествени апликативни студии во Нова Горица (ФУДШ) и Факултетот за информатички науки (ФИШ) организираат инфоден за предностите за додипломски и постдипломски студии во Словенија, на кој ќе се обрати деканот на Факултетот за општествени апликативни студии, професор д-р Борут Рончевиќ. (х.„Солун“/19:00)
Скопје – Отворање изложба по повод 120 години од раѓањето на македонскиот сликар Томо Владимирски. (Даут-пашин амам/ 20:00)
Скопје – Самостојни изложби на младите уметници Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14. Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“. (Музеј на современата уметност/ 20:00)
Скопје - Првата изложба на веб-страни во Македонија во организација на компанијата Серафимов Груп. (Ист Гејт Мол/19:00)
Битола – Концерт на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато. (Пацио, Музеј Битола/ 20:30)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***