МИА Најави МКД (ДПЛ
- 14 февруари 2025

14 февруари 2025
Скопје - Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со литванскиот амбасадор, Едуарас Борисорас. (Собрание на РСМ/10:30).
Минхен - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски, за внатрешни работи, Панче Тошковски и за европски прашања, Орхан Муртезани ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција.
Скопје - Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе ја посети Поликлиника Бит пазар по повод отворање нов педијатриски пункт. (Поликлиника Бит пазар/9:30 часот).
Скопје - Министерот Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селим, ќе ја посетат Општина Гази Баба и ќе одржат средба со градоначалникот Бобан Стефковски и членовите на општинскиот Совет (Општина Газа Баба/9:30).
Неготино - Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, по повод Свети Трифун - заштитник на лозарите и винарите, ќе присуствува на закројување на лозовите насади. (Семејна Винарија Дане Хермес, село Пепелиште, Неготино/12:00).
Скопје - Прес-конференција ќе одржат пратениците Драгана Бојковска и Јане Мицевски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. (Собрание на РСМ. прес-центар/11:00)
Скопје - Прес-конференција ќе одржи пратеничката од СДСМ, Даниела Николова. (Собрание на РСМ, прес-центар/11:30)
Скопје - Прес - конференција на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. (Седиште на СДСМ/ 10:30)
Скопје - Конференција за печат на тема „Овозможување на стекнување со здравствено осигурување на лица кои што моментално се на издржување затворска казна“ во организација на директорите на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов и директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. (Министерство за правда/10:45).
Тетово - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, ќе го промовира новиот амфитеатар и работите реализирани во просториите на ОСУ „Никола Штејн“. (ОСУ„Никола Штејн“/10:00).
Кавадарци - Пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски по повод православниот празник Свети Трифун ќе присуствува на традиционално закројување лозје на лозовите насади на винаријата „Параџиќ“, Моклиште. (Изјава за медиуми по закројувањето /12:00)
Скопје - Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ – Скопје, во соработка со Управата за електронско здравство, организира консултативен состанок со наслов „Заштитата на личните податоци во електронските здравствени системи: Европски искуства и примена во Северна Македонија“. (Хотел Парк /9:30).
Скопје - Поетска вечер во рамките на мултимедијалниот проект „ВЕЧНОТО ТАНГО“ - „ЉУБОВ - Што е тоа ЉУБОВ“. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ –Скопје, Галериjа „КО-РА“ – голем салон/19:30).
Скопје - Изведба на операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. (Националната опера и балет/20:00).
_______________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***