• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ) 

17 јули 2024

Скопје -  Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе се сретне со амбасадорката на Украина Лариса Дир. (Собрание, Стар кабинет/10:00, само камермани и фоторепортери)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска ќе одржи прес-конференција за ребалансот на Буџетот. (Медија центар на Влада/10:30, прес-конференцијата може да се проследи и преку youtube каналот на Влада)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) ќе ја одржи 3 сесија на Работната група 6- Антикорупција (Поглавје 5, Поглавје 18 и Поглавје 32), на тема: „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“. (х. „Панорамика“/ 10:00)

Скопје - Државниот завод за ревизија организира промотивен настан на кој ќе биде презентиран Заедничкиот ревизорски извештај од регионалната кооперативна ревизија на успешност на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд”.  (х. Холидеј ин/11:00) 

Охрид –  Премиера на краткометражниот  филм „Шарац“ на свеченото отворање на 7. Beach film festival Ohrid. (плажа Сараиште/ 20:30)

Скопје – Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе биде отворена изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) насловена „Скопски урбани приказни“. (во Куќата на ДЛУМ, Илинденска бр. 63/ 20:30)

Скопје - Ракометниот клуб Вардар 1961 ги почнува подготовките за новата сезона. (Мала сала во СЦ „Јане Сандански“/ Тренерот Владо Недановски заедно со играчите ќе биде на располагање во периодот од 17:45 до 18:15 часот да одговораат прашања на новинарите)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан