• сабота, 23 ноември 2024
МИА Флеш
25 август 2021  -Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа редовен координативен состанок со директорите на основните училишта на кој, како што информира МОН, беше заклучено дека училиштата се подготвени за започнување на новата учебна година од 1 септември по новата Концепција и според потребните здравствени протоколи. Од почетокот на оваа учебна година, Реформата почнува да се спроведува во прво и четврто одделение. – Како што веќе сте запознати, во тек е дистрибуцијата на новите учебници за прво одделение до училиштата, пишувани според новата наставна програма. Навреме ќе бидат достапни и дигиталните материјали за учење за четврто одделение кои ќе бидат само уште една алатка повеќе во успешното совладување на материјалот. Првпат имаме и навремена испорака на учебниците за останатите одделенија кои ги побараа училиштата согласно договорите, а се однесуваат на останатите одделенија кои годинава не се опфатени со реформата, рече Царовска. - Институциите ќе бидат алармирани ако се појави разлика поголема од предвидениот праг меѓу оданочениот приход и имотот, при што потеклото на имотот ќе биде испитано по службена должност. Освен тоа, ќе можат да постапуваат и по поднесени пријави и претставки за сомнеж за нелегално стекнат имот. Се што ќе се утврди дека е нелегално стекнато, ќе биде конфискувано, и како што предвидуваат законите – компензирано на државата за направената штета, рече вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски на денешната работилница на експертската работна група која го подготвува Предлог-законот за потекло на имот. Предлог-законот е во финална фаза. Се предвидуваат одредби кои овозможуваат проверка на потеклото на имот доколку постои сомнеж за начинот на кој е стекнат. Со ова законско решение прв пат се воведува контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните. -Секое пристигнување, секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне, секој ќе биде регистриран и за сите ќе бидете информирани, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Тоа се се луѓе на кои треба времено престојување пред да заминат во земјите на нивната крајна одредница, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека е многу внимателна со бројките и нагласи дека нема да се крие ниту еден податок. Апелираше медиумите да бидат претпазливи. Министерката посочи дека како земја која и сама се соочувала со свои бегалци, како земја која сама барала поддршка од НАТО и од ЕУ, сега, како што рече, кога сме во НАТО имаме и малку повеќе одговорност да размислуваме и да помогнеме да се ублажи оваа хуманитарна катастрофа. -Во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 529.670 мегават часови електрична енергија, 17,457 милиони нормални кубни метри природен гас, 281.511 тони јаглен и 97.130 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 66,5 отсто од вкупно потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 93,17 отсто од потрошениот јаглен се употребени за производство на струја. - Државниот завод за статистика (ДЗС) е целосно подготвен за отпочнување на најголемата и најзначајна статистичка операција Попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година. Донесени се многу строги протоколи, како да се однесуваме во услови на пандемија и ние гарантираме дека целосно ќе ги почитуваме, изјави на денешната прес-конференција во Влада директорот на ДЗС, Апостол Симовски. На Конкурсот за пријавување кандидати за попишувачи, Симовски нагласи, досега аплицирале речиси осум илјади луѓе, со што се сигурни дека ќе има комплетна покриеност со попишувачи на терен, а доколку е потребно, со одлуката на Владата, на располагање им се ставени и лицата кои се ангажирани по договор во владините институции и институциите на локалната власт. - Теренското истражување во рамките на тригодишниот проект „Лицата со аутизам во центарот на вниманието – поддршка преку индивидуално насочено планирање“, спроведено на 127 испитаници во шест земји, покажало дека речиси две третини од лицата со аутизам имаат потреба за ефективна комуникација со средината. Една третина се соочуваат со значителен недостаток на неопходна поддршка, во однос на анксиозноста, а голем процент пријавиле дека се анксиозни. Ова се дел од резултатите од истражувањето, објавено во Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities во 2019 година.

– Како олеснувачки фактори ги идентификувавме подигнување на свесноста и препознавањето на проблемот, на овој многу чест ментален здравствен проблем, особено кај младите и адолесцентите со аутизам и обезбедување на стручна поддршка, што е клучно за добросостојбата на овие индивидуи, вели Ивана Василевска Петровска, потпретседател на Македонско научно здружение за аутизам, која говореше за потребата од индивидуално насочено планирање за овие лица.

-За изградбата на новиот канал за наводнување Равен – Речица се уште се работи на експропријација, но работите се одвиваат во насока на надминување на тие потешкотии, рече денеска министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

-Од кога сум поставен за министер каналот Равен – Речица е веќе поместен од нулта точка каде што беше поради експропријација, морам да кажам пак беше институционална работа, уште ги имаме проблемите но веќе се помрднуваат напред и очекуваме дека следна година треба да биде завршен првиот дел односно правата фаза на затворениот систем на Равен Речица при што следува втора фаза поврзување на старите канали каде ќе треба целиот полошки регион да се наводнува, истакна Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањата на картичките за „зелена нафта“. -Небитно е дали некои од попишувачите се вакциниран или не. Имаме јасни и прецизни КОВИД-протоколи кои мора и ќе се почитуваат. Тоа е наша обврска, но и гарантираме дека протоколите максимално ќе се почитуваат. Ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Симовски на прес-конференција во Владата се заблагодари за владината препорака да се стават на располагање времено вработените во државните институции, но изрази надеж и очекување дека нема да има потреба од нивно ангажирање зашто има, рече, доволен број попишувачи. - Северна Македонија кон крајот на минатата година како НАТО-членка започна и со свои сили да придонесува кон мисијата на Алијансата во Косово. Нашата заедничка мисија и тука е целта која што ја споделуваме и со Владата на Република Косово е да обезбедиме безбедност и стабилност на целиот регион, безбедност и стабилност на Косово, да имаме навистина регион којшто ќе цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина. Тоа е иднината која што ја посакувавме и за нашите граѓани и тоа е иднината која што граѓаните во нашиот регион целосно ја заслужуваат, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај. -Северна Македонија го поддржа и го поддржува дијалогот Приштина – Белград во насока на постигнување договор со кој ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, не само на двете земји, туку и на регионот во целина. Во исто време на секое ниво во сите регионални асоцијации и организации дадовме целосна поддршка на политиката на отворени врати и се надеваме дека и со учеството на Република Косово регионот ќе биде со многу поотворен дух и со многу поголемо расположение да наоѓа решенија за проблемите и да создава подобра иднина, рече Шекеринска.  -Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа средба со амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан. Како што информираат од МВР,  министерот Спасовски и амбасадорот Томан на средбата изразиле задоволство од досегашната одлична соработка помеѓу министерствата на двете земји. - Во последните 24 часа на територијата на земјава има седум пожари коишто сите се локализирани, а потоа изгаснати и не се големи шумски пожари, информира Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на денешната прес-конференција. – По еден пожар бил регистриран околу градовите Скопје, Охрид, Крушево и Неготино, а четири такви на нискостеблести растенија и трева имало околу Битола. Со оглед на состојбата со бројот на пожарите на отворен простор, како и поволната хидрометеоролошка ситуација, Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК препорача на Владата да донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми, донесена на 3 август. Тоа вчера и се случи, па Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шума која беше донесена согласно предлогот на Министерствот за земјоделство, потсети Бојаровски. - Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски. Одговорајќи на новинарско прашање, Арсовски рече дека најголем дел од Авганистанците ќе бидат сместени на периферијата на Скопје. -Со реализација на проектите од ТАВ Програмата Владата има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните во сите општини, порача министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска изврши увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ. Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари, кој е еден од 94-те проекти од ТАВ Програмата за поддршка на општините. -Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ги додели првите десет картички за зелена нафта, наменети за земјоделците од општинските центри Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце. За овој регион се предвидени вкупно 1304 картички со вкупна вредност од 4,3 милиони евра само за тетовскиот регион.

Една од најзначајните мерки на Министерството и Владата која јасно ја дефинира искрената ориентираност кон земјдеолскиот сектор е точно мерката зелена нафта, за која денес сум тука присутен да ги поделам картичките за зелена нафта за земјоделците од подрачната единица на Тетово која ги опфаќа и општините Желино, Теарце и Јегуновце Брвеница.  Со ова се покрива 50 отсто од потрошеноста на нафтата за земјоделските цели како што сме ветиле. Намерата е да се зголеми процентот на покриеноста на оваа дејност и тоа очекуваме до крај на мандатот да биде до 100 отсто Покажуваме дека се гриужиме за земјоделците дека навистина сакаме секторот да го ориентираме во делот на развојот, да биде развојна компонента, економски добро развиени општини и региони и тоа значи дека ќе имаме подобри земјоделски услови во самата држава, изјави министерот Хоџа.

- Учебниците што ги откупува и дистрибуира МОН навреме ќе стигнат до училиштата, соопшти министерката Мила Царовска. За прво одделение се печатат  учебници по нови наставни програми и според новата Концепција за основно образование и тие навреме ќе бидат распределени. Во четврто одделение, каде што исто така ќе се работи по нови наставни програми како и во прво, треба да почне дигитализацијата. Бирото за развој на образованието, посочи Царовска, има подготвено материјали за учење за четвртоодделенците.  Дигиталните учебници ќе бидат поставени на платформи за преземање, а децата во социјален ризик на реверс од училиштата ќе добијат дигитални уреди на кои, рече Царовска, симнати се 3000, а се очекуваат уште 7000, со што и овие ученици ќе имаат еднаков пристап до содржините. -Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – трезорот на македонското минато и иднина, ќе се ревитализира согласно изготвен план од стручни лица, со цел вреаќање на достоинството на овој репрезентативен објект.

Како што информира на денешната прес – конференција министерката за култура Ирена Стефоска при посетата на НУБ „Свети Климент Охридски“ планот е изготвен од формирана специјална работна група за скенирање на состојбата во НУБ од сите аспекти, а архитекти и градежни инженери веќе направија проверка на проектот за санација на покривот и тој е одобрен. Се прави пресек, додаде таа, и на финансиско – нормативното работење на библиотеката. Отпочнат е и процес за прогасување на НУБ за Културно наследство во опасност, стратус кој ќе овозможи брзи интеревенции за негово зачувување и соодветно чување, а како што вели министерката Стефоска, се има предвид и важноста од вложување во стручен кадар, во опрема и за збогатување на библиотечниот фонд. 

-Претседателот Стево Пандаровски на Фејсбук објави дека на прославата во Киев по повод 30 годишнината од независноста на Украина, имал можност да поразговара со вториот претседател на Украина, Леонид Кучма и со Вселенскиот партијарх Вартоломеј. -Се сретнав и со две спортски легенди, поранешниот светски боксерски шампион, денес градоначалник на Киев, Виталиј Кличко и Сергеј Бубка, поранешниот светски рекордер во скок со стап, денес, потпретседател на Меѓународната атлетска федерација, напиша шефот на државата. - Албанскиот премиер Еди Рама, кој на изборите на 25 април обезбеди трет мандат, денеска најави дека следната недела ќе го објави составот на новата влада. Во својот завршен говор за вториот владин мандат, Рама изјави дека новата влада бара добра владејачка формација, добар координатор на парламентарната група, како и долга „резервна клупа за да се создадат можности партијата да се енергизира“. -Новата влада ќе биде објавена следната недела и ќе ја продолжите целата работа, без да дозволите ниту еден ден да помине залудно. Имаме шампионски тим, каде има многу избори за секоја улога. Четиригодишното првенство кое започна ден по последните избори бара не само добра владејачка формација, добар претседател на пратеничката група или ефективен претседател на самата партија, туку и долга резервна клупа за да може да ја поттикне партијата. Со голема благодарност до сите вас, вашата поддршка, вашиот придонес, ви благодарам уште еднаш за целиот овој предизвикувачки временски период, рече премиерот, на средбата со досегашниот владин кабинет. -Неодамнешните пожари што зафатија повеќе делови во Грција, начините за справување, превенцијата, но и дали беа направени грешки при гаснењето, се во фокусот на расправата во грчкиот Парламент на ниво на лидери на партии, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис детално анализираше со што се соочила земјата, но и кои се следните чекори за избегнување слични катастрофи во иднина, додека пак лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас ги повтори нивните предлози и упати критики до Владата, не само за пожарите, туку и за политиката што ја следи во другите актуелни прашања во земјата. -Во Словенија за една недела почнува учебната година, а Министерството за образовани испрати циркуларно писмо во кое се наведува дека вработените можат да добијат отказ ако одбијат да се тестираат на Ковид-19. – Сите вработени во училиштата, тие што прележале, вакцинираните и тестираните треба да направат ПЦР тест, а тиое што не се вакцинирани или кои не заболеле ќе мора секоја недела да се тестираат. Неоправданото тестирање ќе се смета за кршење на обврските од работниот однос, што значи дека вработените ќе добијат предупредување пред отказ или ќе се покрене постапка за отказ, а истот ќе важи и за вработените кои ќе одбијат да носат заштитна маска, се наведува во писмото на Министерството за образование. -Авганистан може да стане жариште на тероризмот откако НАТО ги повлече своите војници од земјата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во Парламентот. – Меѓународната заедница мора да одржува дијалог со талибанците доколку сака да ги заштити подобрувањата во Авганистан постигнати во изминатите две децении од распоредувањето на НАТО, рече германската канцеларка. -Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес, го отфрли барањето на 672 француски професионални и доброволни пожарникари против обврската за вакцинација против Ковид-19, која им е наметната со законот од 5 август 2021 година, јави дописникот на МИА. -Судот оцени дека овие барања се надвор од опсегот на член 39 од неговите правила, што овозможува да се свика по итна постапка кога жалителите се изложени на „реален ризик од непоправлива штета“. Пожарникарите се повикаа на одредбите на Европската конвенција за човекови права кои се однесуваат на „правото на живот“ и „правото на почитување на приватниот и семејниот живот“. -Претставникот на Талибанците Мохамед Наим изјави дека нивната главна цел е мирно да ги решат сите проблеми, но дека Американците мора да заминат навреме. – Талибанците објавија општа амнестија за владините претставници во Авганистан. Тоа е еден од чекорите. Ние исто така водиме мирен дијалог за решавање на проблемите што постоеја претходно. Преговаравме со американските власти и постигнавме договор што светот го гледа денес, рече тој во ексклузивно интервју за Спутник, пренесува Б92. -Тајландски научници развија машина за поефикасно извлекување  на дозите од вакцината против „Ковид-19“, а истовремено и оптимизирање на користењето на залихите, објави Универзитетот Чулалонгкорн. Користејќи роботска рака, системот AutoVacc може да извлече 12 дози вакцина од шишенцето за четири минути, што е за 20 проценти повеќе од стандардните 10 дози добиени рачно.
-Исламистичкото движење Хамас и другите групи денеска повика на протест на границата со Израел поради израелската блокада на Појасот Газа.Во судирите на границата помеѓу Израел и Појасот Газа во саботата повредени се 41 Палестинец и еден израелски граничар. Тоа беше најнасилен судир на границата од 2019 година кога Палестинците одржуваа протести  поради блокадата и нивното право да се вратат на територијата од која побегнаа во 1948 година при основањето на Израел. -Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека бројот на нови случаи на коронавирус во светот се стабилизира на 4,5 милиони неделно, по постојаниот раст во изминатите два месеца. Во неделната проценка на пандемијата, СЗО наведе дека бројот на нови инфекции во Западен Пацифик се зголемил за околу 20 проценти, на целиот американски континент за осум проценти, додека во другите региони низ светот или останал на исто ниво или е намален. -Поранешниот авганистански претседател, Хамид Карзаи, шефот на Високиот државен совет за национално помирување, Абдула Абдула, и лидерот на Исламската партија, Гулбудин Хекматијар, ќе му се приклучат на Управниот совет на Авганистан, што талибанците имаат намера да го формираат, јави денеска авганистанската телевизија. Веднаш откако талибанците влегоа во авганистанскиот главен град Кабул, тројцата политичари формираа координативен совет за мирна транзиција на власта, пренесува руски  Тасс.

Тагови

Остани поврзан