• среда, 25 декември 2024
МИА Флеш
8 јуни 2021 Скопје – Оштетени физички и правни лица, депоненти во Еуростандард банка, денеска го запознаа претседателот Стево Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката, информираат од канцеларијата на шефот на државата. На средбата, како што се наведува во соопштението, поретседателот Пендаровски ги истакнал своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи. Скопје – Собранието изгласа Одлука да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од КОВИД-19. Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни 2021, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021. Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври. Скопје - Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на својата денешна седница. Измените, како што појасни премиерот Зоран Заев на попладневната прес-конференција, се донесени во инклузивен процес со работодавачите и со синдикатите. – Ова е ветување што Владата ги имаше како приоритет во програмата. Со ова се прави исчекор кон унапредување на работничките права и продолжување на поддршката за работниците, истакна Заев, додавајќи дека посебна грижа е водена за оние работници кои ќе работат во недела. Скопје – Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски најави нови мерки за унапредување на концептот на дуално образование според потребите на компаниите и поддршка на иницијативата на Институтот за менаџмент и бизнис Хајлдеберг за воведување на германски модел на едукација во земјава. Тој на отворањето на панел дискусијата посветена на „Германското дуално образование и врската со бизнис секторот“, во рамките на „Балканска бизнис недела“ организирана од Институтот порача дека со новиот концепт на работа на ТИРЗ со таргетирани мерки и програми се надоврзува на концептот на дуално образование. Овие мерки, нагласи тој, ќе донесат не само стабилни работни места, туку и повисоки плати за наши сограѓани, особено за младите што верувам дека ќе биде јасен мотив тие да останат во земјава и тука да ја градат својата иднина. Париз - Претседателот на Франција Емануел Макрон на внатрешна турнеја во земјата при средба со публиката, доби шлаканица од еден посетител, јави дописникот на МИА. По инцидентот, уапсени се две лица. Настанот се случи во регионот Дром, во југоисточна Франција. Сакајќи да се поздрави со присутниот народ, едно лице извикувајќи „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, му удри шлаканица на претседателот. Набрзо обезбедувањето реагираше и го неутрализира напаѓачот. Емануел Макрон потоа ја продолжи својата посета. Видеото од инцидентот веќе се рашири на интернет. Вашингтон – Биткоинот е „измама“ што влијае на вредноста на американскиот долар, изјави 45-от претседател на САД Доналд Трамп за „Фокс бизнис“. -Биткоинот изгледа како измама. Не ми се допаѓа затоа што е друга валута што се натпреварува со доларот, изјави поранешниот американски претседател. Трамп додаде дека сака доларот да биде „валута на светот“. Лондон - Сајтови на неколку светски медиуми, како што се Њујорк Тајмс, Би-Би-Си, Монд, Гардијан, платформата Редит, како и веб-страницата на британската влада, утрово накусо беа недостапни. На страниците се појавија пореака „Error 503“ или „Connection Failure“. Белград – Министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ на онлајн состанокот на министрите за надворешни работи кои учествуваат во „Берлинскиот процес“, посочи дека Србија и придава големо значење на оваа иницијатива која се покажала како добар форум за зајакнување на регионалната соработка, развојот, промовирање на политиката за помирување и надминување на наследените проблеми од минатотот, јави дописникот на МИА од Белград. -Реагирајќи дека претставникот на Приштина го истакнал знамето на Косово, Селаковиќ кажа дека некои сè уште не го разбрале вистинското значење и суштината на Берлинскиот процес и додаде дека прво треба да почнат да ги почитуваат меѓународните обврски како што е Договорот за регионално претставување, соопштија од српското МНР. Белград – Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг ќе ја објави второстепената пресуда против поранешниот комендант на Војската на Република Српска генерал Ратко Младиќ денеска во 15 часот, објавено е на веб-страницата на Механизмот. Судскиот процес против Младиќ трае 26 години, откако против него и Радован Караџиќ беше поднесено првото, тогаш обединето обвинение. Љубљана   Tројца словенечки државјани осомничени се за измама на 432 работници, претежно странски градежни работници, за најмалку 2,1 милиони евра помеѓу 2011 и 2019 година. На крајот на мај, криминалистичката полиција во Цеље заврши истрага за системско кршење на основните права на работниците, соопшти денеска Полициската управа на Целје, јави словенечката агенција СТА. Откриено е дека работодавците ангажирале работници од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, а подоцна, по некое време, тие би биле повторно вработени во секогаш нови „фиктивни“ компании.

Тагови

Остани поврзан