МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 9 март 2022

9 март 2022
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 45., 50. и 51. седница. (Голема сала/12:00/12:15/12:30)
Скопје - Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе бидат присутни и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министрите за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Јована Тренчевска. (https://www.youtube.com/watch?v=u7KoTyxQkKw/13:00)
Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и амбасадорката на Шведска во Скопје, Кристин Форсгрен Бенгстон ќе се обратат на промоцијата на новиот проект „Граѓанските организации во акција за климатските промени“. (х.„Хилтон“/12:00, изјави за медиуми пред почетокот на настанот)
Скопје - Обраќање на министерот за образование и наука Јетон Шаќири на конференција за имплементацијата на твининг проект „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“. (х. Мериот/12:00)
Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска ќе го посетат ООУ „26-ти јули“ во Општина Шуто Оризари. (Изјави за медиумите во дворот на училиштето/10:00)
Скопје - Дводневна конференција за образование „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“. (х.„Александар Палас“/11:00 и онлајн https://www.unicef.org/northmacedonia/interplay-between-child-wellbeing-and-academic-attainment-conference)
Скопје - Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања започнува со реализација и на првата четиримесечна Програма за развој на стартап бизниси. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5 кат/12:00, изјави за медиуми/11:45)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи осмата седница. (Уставен суд/9:30)
Скопје - Јапонскиот амбасадор во Северна Македонија, Хиронори Савада и директорката на Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, Силвана Филипова ќе потпишат договор за грант за Заводот. (Амбасада на Јапонија, Соравија, 6 кат/12:05)
Скопје - Промоција на универзитетскиот учебник „Основи на безбедност - Концепциски безбедносни пристапи” од професор Марјан Ѓуровски и дебата за актуелните безбедносни предизвици и ризици на Северна Македонија и регионот - концепциски безбедносни пристапи. (хотел Хилтон/12:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), претседалот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) и претседателот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН). (Пред МРТ/12:30)
Скопје - Прес-конференција на Здружението „Градиме иднина“. (Пред Министерство за труд и социјална политика/11:00)
Скопје - Онлајн панел дискусија на тема „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“ во организација на ЦИВИЛ. (https://www.facebook.com/civil.mk/13:30)
Скопје - Здружението на новинари ќе ги додели ЗНМ наградите за 2021 година (Фоаје на кино „Фросина“ МКЦ /12:00)
Скопје - Прес-конференција на Движењето Беса (Седиште на партијата во Скопје /13:00)
Скопје - Балетската премиера на „Госпоѓиците од Авињон“. (Национална опера и балет/20:00)
__________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***