• сабота, 23 ноември 2024

МЗ: Ревакцинирани 46 проценти од полнолетните граѓани, вкупно аплицирани 1.648.042 дози вакцини

МЗ: Ревакцинирани 46 проценти од полнолетните граѓани, вкупно аплицирани 1.648.042 дози вакцини
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 7.169 дози вакцини, од кои 1.389 се аплицирани како прва доза, 1.364 се ревакцинирани, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години, информираат од Министерството за здравство. - Заклучно со 11 ноември вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. Дури 54 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, се вели во соопштението од МЗ. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. аа/сп/

Остани поврзан