МЗ во Појасот Газа: Бројот на загинати надмина 31 илјада
- Министерството за здравство во Појасот Газа денеска објави дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас загинале 31.045 луѓе.
Газа, 10 март 2024 (МИА) - Министерството за здравство во Појасот Газа денеска објави дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас загинале 31.045 луѓе.
Во изминатите 24 часа загинале 85 лица, соопшти Министерството.
Од почетокот на војната на 7 октомври досега се ранети вкупно 72.654 Палестинци. Најголем дел од жртвите се жени и деца, тврдат од Министерството. Остатоците од телата не се преброени бидејќи останале под урнатините низ цела Газа. мс/
фото: МИА архива