• понеделник, 23 декември 2024

МЗТ се раздели со Расел

МЗТ се раздели со Расел

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Американецот Седрик Расел се раздели со МЗТ Скопје Аеродром, откако со него бил потпишан спогодбен раскин на договорот, соопштија од тимот.

-Оваа одлука e донесена во заеднички интерес, со цел двете страни да пронајдат подобри опции за до крајот на сезоната, се вели во соопштението на „штрковите“. 

Американскиот бек во домашното првенство одигра 13 средби со просечна реализација на 10 поени со 39,8 отсто прецизност, додека во АБА2 настапи на осум меча со просек од 13 поени. дс/мд/

Фото: МЗТ скопје

Остани поврзан