• петок, 05 декември 2025

Во Охрид се одржува полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија

Во Охрид се одржува полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија

Охрид, 31 мај 2025 (МИА) - Во полуфиналето од Фајнал фор турнирот на ракометниот Куп на Македонија денеска од 17 часот се среќаваат екипите на РК Вардар и РК Пелистер, а од 19:30 часот ќе играат екипите на РК Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.

Пред стартот на натпреварувањето се одржа прес-конференција на која присутни беа градоначлникот на Охрид, Кирил Пецков и првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, како и претставници на сите четири клубови кои се дел од завршницата.

-Би сакал да им посакам среќа на сите учесници, во еден ракометен и спортски дух и низ коректна борба да имаме убав турнир. Благодарност до домаќинот за организацијата, се надеваме на успешен завршен турнир. Ги повикувам сите Македонци да дојдат, ова е ракометен празник и викенд. Купот секогаш имал посебен натпреварувачки дух, изјави Стефанов.

Пецаков се надева дека како организатори и како домаќини ќе бидат добри и дека во иднина како град, локална самоуправа и ракометен клуб треба да ја зграбат шансата и да бидат повторно организатори на Ф4. 

- Посакувам спортска игра, многу среќа и подобриот нека победи, рече Пецаков. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан