• четврток, 26 декември 2024

Меџити: Партнери на УСАИД во многу проекти за екологија кои го подобруваат стандардот на граѓаните

Меџити: Партнери на УСАИД во многу проекти за екологија кои го подобруваат стандардот на граѓаните

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска имаше работна средба со делегацијата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) предводена од Јери Дибле, претставник за Северна Македонија. 

Како што информира  МЖСПП, Дибле ја изрази подготвеноста на УСАИД да ги поддржи проектите поврзани со подобрување на климатските промени и животната средина во земјата, преку различни програми, како и пренесување на позитивни искуства од различни земји во светот каде што работи Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Меџити, како што се наведува, се заблагодари на УСАИД за реализацијата на многу проекти во Северна Македонија, како и за интересот за соработка во приоритетните проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, поврзани со мерките против климатските промени и системот за мониторинг.

-Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) е присутна во Северна Македонија од осамостојувањето на земјата и ја поддржува земјата да стане економски поразвиено, демократско и инклузивно општество преку програми кои промовираат економски раст и конкурентност, зголемувајќи го ангажманот на младите да ја намалат невработеноста и да ја намалат корупцијата, се вели во соопштението од МЖСПП. мд/са/

Фото: МЖСПП 

 

Остани поврзан