Меѓународна недела на Филозофскиот факултет
- Од денеска до четврток ќе се држи 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) – Од денеска до четврток ќе се држи 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Темата на овогодинешната Меѓународна недела е „Вештачката интелигенција во хуманистичките и општествените науки“.
Во рамки на настанот ќе биде одиграна и претстава - „Бикот на Фаларис“, монодрама напишана и во изведба на Стивен Фридман. свс/ев/
Фото: Филозофски факултет