Меѓународната тениска федерација го менува името во World tennis
- Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ќе го промени своето име во 2026 година во World tennis, објави денеска институцијата во чија организација се олимпискиот тениски турнир, Дејвис купот и Били Џин Кинг купот.
Париз, 16 октомври 2025 (МИА) – Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ќе го промени своето име во 2026 година во World tennis, објави денеска институцијата во чија организација се олимпискиот тениски турнир, Дејвис купот и Били Џин Кинг купот.
Федерацијата е основана во 1913 година во Париз и под сегашното име функционира од 1977 година. Промената на името, како што е соопштено, е одобрена од „огромно мнозинство“ од нејзините национални федерации членки за време на годишно општо собрание.
Новото име ќе стапи на сила на 1 јануари 2026 година, додека „брендот World tennis ќе биде лансиран во летото 2026 година“, се вели во соопштението.ег
ФОТО: Фејсбук