• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест - Скопје 2025"

Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест - Скопје 2025

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - Здружението за култура и уметност „Артистико“ - Скопје од денеска до 6 април го организира 7. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест - Скопје 2025".

Фестивалот ќе биде отворен вечер во 18 часот во КИЦ-Скопје (Салон 19.19) со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државава.

Организаторот соопшти дека фестивалот ќе се состои од семинари и концерти за кларинет и дека гости оваа година ќе бидат професори и интернационални солисти на кларинет - Николаи Пфефер од Германија и  Габор Варга од Унгарија. Со нив ќе има дводневни семинари за кларинет кои ќе бидат од отворен тип.

В недела, 6 април, фестивалот ќе биде затворен со камерен концерт на кој ќе настапат гостите солисти од Германија и Унгарија, во пијано придружба на македонската пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска. Завршниот концерт ќе се одржи во КИЦ-Скопје (Салон 19.19) од  20 часот.  

Здружението за култура и уметност „Артистико“ информира дека влезот за двата концерта е  бесплатен. хс/ 

Фото: Плакат / Здружение за култура и уметност „Артистико“ - Скопје 

 

Остани поврзан