• понеделник, 23 декември 2024

Мечот меѓу Милан и Болоња одложен поради поплавите

Мечот меѓу Милан и Болоња одложен поради поплавите

Болоња, 25 октомври 2024 (МИА) - Натпреварот од деветтото коло во италијанската Серија А помеѓу Болоња и Милан, кој требаше да се одигра во сабота, е одложен поради поплави, објавено е на веб-страницата на натпреварувањето.

Како што се наведува, натпреварот е одложен поради поплавите кои го зафатија регионот Емилија Ромања, како и состојбата на теренот на стадионот „Ренато Далара“ кој неколку дена беше под вода.

Новиот датум за натпреварот ќе биде објавен подоцна, но веќе е јасно дека поради згуснатите распореди на двата клуба во Серија „А“, Купот на Италија и Лигата на шампионите, тој нема да биде пред почетокот на 2025 година.

Претседателот на лигата Лоренцо Казини објасни кога би можеле да го гледаме овој натпревар.

-Во овој момент, со календарот в рака, најверојатно натпреварот може да се игра во февруари. Да се одложи натпреварот меѓу Верона и Милан? Не, тоа би предизвикало верижна реакција. Постои опција Божиќ, хипотетички кажано, но се уште оценуваме, истакна функционерот.

Инаку, оваа одлука предизвика големо незадоволство во Милано, од очигледни причини. Имено, првотимците Тијени Рејндерс и Тео Хернандез имаат по еден натпревар суспензија. Планот беше двајцата да отсуствуваат од откажаниот дуел, за потоа да им биде дозволено да играат во дербито против Наполи во следната рунда. За жал, „росонерите“ ќе мора да се соочат со актуелниот водечки тим во Серија „А“ без Холанѓанецот и Французинот. дс

Фото: Х

Остани поврзан