• сабота, 27 јули 2024

Мециновиќ: СДС е најантиевропска партија во Република Македонија

Мециновиќ: СДС е најантиевропска партија во Република Македонија

Скопје, 15 декември 2023 

„Регресивната, антимакедонска, авторитарна, криминална, злосторничка бизнис партија СДС е изразено и најантиевропска партија во Република Македонија. За ова сведочат бројки и факти – во нивно време ги добиваме историски најлошите извештаи од ЕК кои забележуваат регрес во сите ресори. Пред сѐ тие се криминалци кои ја издигнаа корупцијата на светско ниво.

За нив европски вредности се состојат во злоупотреба на европското знаменце за да амнестираат луѓе како Рамиз Мерко кои се наоѓаат на црната листа на САД – и по секоја цена да се внесат Бугарите во Уставот.

Ова е влада на Анѓушевци и олигархијата, и сега следи ново вето од повлијателна држава поради состојбата со корупцијата.“

Прес-конференција на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан