• сабота, 23 ноември 2024

Мета го врати Изборниот законик на повторно разгледување и побара мислење од Венецијанската комисија

Мета го врати Изборниот законик на повторно разгледување и побара мислење од Венецијанската комисија
Тирана, 22 октомври 2020 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета денеска ја потпиша уредбата со која на повторно разгледување во Парламентот го враќа Изборниот законик усвоен со измени без постигнат консензус од сите страни, јави дописничката на МИА од Тирана. Во ситуација кога во земјата веќе три години не функционира Уставниот суд, Мета упати итно барање до Венецијанската комисија за специјализирано и објективно мислење за овој процес. Исто така ја повикува владејачката социјалистика партија добро да размисли откако ќе „усвои кодекс што и дава предност на изборите“. - Овие измени на изборните правила ги кршат меѓународните демократски принципи на спроведување изборен процес преку слободни и фер избори. Измените и дополнувањата на Изборниот законик се направени еднострано, без сеопфатен консензус и се во спротивност со условите поставени од Европскиот совет на 25 март 2020 година и исполнувањето на 15-те услови пред првата меѓувладина конференција. Еднострано изгласаните измени во Изборниот законик сериозно ја нарушуваат климата за соработка меѓу политичките сили во земјата,односно практично ја доведуваат до нула доверба меѓу нив, наведува Мета меѓу другото во образложението. Според него, едностраните измени и дополнувања на Изборниот законик создаваат нееднаква, дискриминирачка позиција и се во сериозен судир со Европската конвенција за човекови права, како и со Уставот на државата. - Едностраните измени ги загрозуваат условите утврдени од Европската унија, кои ќе бидат проследени со друга негативна одлука за Албанија, директно загрозувајќи го напредокот на процесот на евроинтеграција на земјата, констатира Мета. Новиот Изборен законик откако беше усвоен по постигнатиот консензус од сите партии, по предлог на владејачкото мнозинство беа усвоени одредени измени и дополнувања, што е придружено со несогласувања и обвинувања помеѓу мнозинството и опозицијата, но и меѓу претседателот Мета и премиерот Еди Рама. На најавите дека законот ќе го врати во Парлементот, Рама му порача на Мета „што поитно да го потпише или да го врати за да почне да се спроведува“, што подразбира дека Парламентот поворно ќе го усвои истиот текст на закон, кој за да стапи во сила не е потребен потпис на шефот на држават. вт/

Остани поврзан