• сабота, 11 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хезболах смета дека барањето за разоружување е исто како да му се служи на Израел

Хезболах смета дека барањето за разоружување е исто како да му се служи на Израел

Бејрут, 30 јули 2025 (МИА) - Лидерот на либанскиот Хезболах, Наим Касем, изјави дека секое барање за разоружување на неговото движење е еднакво на „служење на израелската агенда“, обвинувајќи го американскиот претставник Томас Барак дека прибегнува кон „закани и заплашување“ во обид „да му помогне на Израел“.

„Секој што денес повикува на предавање на оружјето, без разлика дали е Либанец или странец, служи на израелската агенда“, рече Касем за време на телевизискиот говор.

Неколку недели подоцна, размената на оган на израелско-либанската граница меѓу Хезболах и Израел се претвори во двомесечна отворена војна, за време на која движењето поддржано од Иран беше десеткувано. Примирјето посредувано од САД стапи на сила на 27 ноември.

Касем потврди дека договорот за прекин на огнот се однесува „исклучиво на областа јужно од реката Литани“, околу 30 километри северно од израелската граница.

„Ако некои сакаат да го поврзат проблемот со оружјето со договорот (за прекин на огнот), им велам: оружјето е внатрешно либанско прашање, што нема никаква врска со непријателот на Израел“, рече Касем.

Спогодбата за прекин на огнот предвидува повлекување на Хезболах од областа јужно од реката Литани и отстранување на неговата воена инфраструктура, во замена за зголемено распоредување на либанската армија и мировниците на ОН.

Исто така, предвидува израелско повлекување од јужен Либан. Сепак, Израел го одржува своето присуство на пет позиции што ги смета за стратешки.

Израелските власти посочија дека нема да дозволат Хезболах да ги обнови своите воени капацитети и предупредија дека ќе продолжи со нападите се додека либанските власти не го разоружаат.

„Таа агресија мора да престане. Секој политички говор во земјата мора да биде насочен кон нејзино запирање, а не кон предавање оружје на Израел“, рече лидерот на Хезболах.

Неименуван либански функционер изјави  дека владата е „под интензивен меѓународен и регионален притисок формално да се обврзе на разоружување на Хезболах“.

Но, условот поставен од Бејрут, претходно повлекување на Израел, цврсто го отфрла Вашингтон, според друг либански извор.

Премиерот Наваф Салам закажа состанок на кабинетот за следната недела. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан