• вторник, 24 декември 2024

Меси дел од платата во ПСЖ ќе добие во криптовалути

Меси дел од платата во ПСЖ ќе добие во криптовалути
Лондон, 12 август 2021 (МИА) - Платата на Лионел Меси во ПСЖ вклучува плаќања во криптовалута, пренесува „The Telegraph“, повикувајќи се на извор запознаен со деталите од договорот. Не е објавено колкав процент од платата ќе добие 34-годишниот Аргентинец во дигитални валути. Сепак, постојат информации дека обемот на плаќањата во токените на Меси ќе биде голем. Навивачите на ПСЖ можат да добијат таканаречени токени за навивачи со учество во анкети организирани од клубот. Токените може да се тргуваат на берзата или да се разменуваат за ексклузивни награди. Во моментов, цената на токенот на ПСЖ е 41 американски долар. Пари Сен-Жермен не е единствениот европски клуб кој има свои жетони. Особено, оваа година тие беа лансирани од Манчестер сити и Милан. Претходно се дозна дека за две години Меси ќе заработи повеќе од 120 милиони евра во ПСЖ. зс/

Остани поврзан