Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами
- Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Мајами, 28 март 2024 (МИА) – Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.
Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.
Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:
Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)
Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија). зс/
Фото: ЕПА