• петок, 21 февруари 2025

Медведев испрати саркастична порака за суспензијата на Синер

Медведев испрати саркастична порака за суспензијата на Синер

Доха, 16 февруари 2025 (МИА) - Рускиот тенисер Даниил Медведев испрати саркастична порака во врска со суспензијата на Јаник Синер поради допинг.

Италијанецот е суспендиран на три месеци поради два позитивни допинг теста.

-Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако кажат: „Го најдовме ова за тебе, ќе биде двегодишна (суспензија)“, ќе речеш: „Не, суспендирај ме на еден месец“. Се надевам дека тоа ќе биде преседан. Во спротивно, ќе биде чудно, изјави Медведев.

За потсетување, во август беше објавено дека Синер бил позитивен на допинг, поточно нелегалната супстанца клостебол.

Меѓутоа, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) го ослободи од обвиненијата.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража (КАС). дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан