• петок, 05 декември 2025

Барселона ангажираше нов голман

Барселона ангажираше нов голман

 

Барселона, 18 јуни 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски првак Барселона го ангажираше денеска 24-годишниот голман Жоан Гарсија од градскиот ривал Еспањол.

Гарсија, кој минатата сезона имаше рекорден број одбрани (146) во Ла Лига потпиша шестгодишен договор со Барселона.

Еспањол објави дека е активирана клаузулата во договорот на Гарсија, според која неговата отштета изнесува 25 милиони евра.

Минатата сезона, Гарсија ги одигра сите првенствени натпревари на голот на Еспањол, а во Барселона ќе му биде конкуренција на германскиот репрезентативец Марк-Андре тер Штеген за позицијата прв голман. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан