• среда, 12 март 2025

Медалист од СП во кревање тегови дисквалификуван на осум години поради повторно допингување

Медалист од СП во кревање тегови дисквалификуван на осум години поради повторно допингување

Лозана, 11 март 2025 (МИА) - Меѓународната агенција за допинг контрола (ИТА) објави дисквалификација на узбекистанскиот кревач на тегови Рустам Џангабаев на осум години поради кршење на антидопинг правилата.

Остарин беше откриен во примерокот за допинг на спортистот земен на 22 февруари 2024 година. Периодот на суспензија започнува на 11 март 2024 година.

Триесет и едногодишниот Џангабаев е бронзен медалист на СП 2018 во категоријата до 109 килограми. 

Во 2020 година, спортистот веќе беше дисквалификуван на четири години поради допинг. зс/

Фото: Принтскрин Инстаграм

Остани поврзан