• среда, 25 декември 2024

МВР: Полициски службеник кој не бил на должност нападнал колега кој извршувал службени дејствија

МВР: Полициски службеник кој не бил на должност нападнал колега кој извршувал службени дејствија

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска 40 минути по полноќ во угостителски објект на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од полицијата. ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан