• петок, 19 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР: За шест часа изречени 103 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Кавадарци

МВР: За шест часа изречени 103 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Кавадарци

Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - Кавадаречката полиција вчера во периодот од 15.00 до 21.00 часот во рамки на акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на ова подрачје санкционирала 100 возачи.

-Од нив 23 возачи за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, пет возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол, четири возачи кои управуваат возило со несоодветна категорија, 36 возачи за не користење на заштитен шлем-кацига, шест возачи на возила со затемнети стакла без извршен А-тест, изготвени се три барања за поведување на прекршочна постапка за Правни лица како и одземени се четири мотоцикли и две товарни моторни возила по член 344 од ЗБСП а превземени се мерки против 18 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан