• вторник, 25 март 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 23 март 2025 (МИА) - На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.

МВР денеска осопшти дека притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно. Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 22/23.03.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(32) од с.Горно Оризари, скопско, Н.М.(47) од с.Сарај, скопско, Ф.М.(25), И.М.(21) и Л.И.(18), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 22.03.2025 околу 13 часот во СВР Штип, било пријавено дека на пат во с.Карбинци, В.Н.(47) од с.Карбинци, општина Карбинци управувајќи мопед со штипски регистарски ознак излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Денеска (23.03.2025) во 00.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
       
На 22.03.2025 во 21 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на локалниот пат  с.Боговиње-с.Пирок, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.А.(56) од Гостивар, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 22.03.2025 во 16.15 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Деве Баир, го лишиле од слобода В.Т.(28) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ (зелена карта). Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 22.ОЗ.2025 околу 14.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на локалниот пат во с.Бузалково, велешко, четирицикл управуван од С.С. (55) од с.Бузалково излетал од патот. С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од страна на полициски службеници од СВР Велес.

На 22.03.2025 во 22.00 часот во ОВР Прилеп,  37-годишна жена од Прилеп пријавила дека на 22.03.2025 околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, заедно со нејзините четири малолетни другарки, на  плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп биле физички нападнати и допирани по телото од страна на четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На  22.03.2025 во 10.39 часот во СВР Битола И.Т.(38) од с.Новаци , општина Новаци пријавил дека на депонија Мегленци биле пронајдени  три артилериска гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна., при што истите од страна пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола биле безбедно подигнати.

На 22.03.2025 во 14.20 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ш. од Прилеп, кој извршил кражба од маркет во Прилеп. Украдените предмети биле вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 22.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности. Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар.

На 22.03.2025 во времето од 14 до 22 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улица „Маршал Тито" во Тетово во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, извршиле контрола над такси возила и комбиња, што вршат јавен превоз на патници. При контролата биле констатирани три кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца" и по документирање на случаите ќе бидат изготвени соодветни поднесоци по член 284-а од КЗ.

Денеска (23.03.2025) околу 00.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје, ги привеле Д.К.(18) и М.Г.(19), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.03.2025 во 18.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ќ.С.(24) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.03.2025 околу 04.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Дом за стари лица на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на сила влегло во апартманот на Б.М.(66) од Крива Паланка, кој престојувал во домот и одзело пари и други лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2025 во 22.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.И.(41) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечиле М.С.(12), С.А.(16) и Н.Ј.(13) кои му се доделени на згрижување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
       
Денеска (23.03.2025) во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.03.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, Ј.Р.(46) од Скопје пријавила дека на 21.03.2025 околу 21.30 часот на игралиште на подрачјето на Центар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки расчистување на случајот.

На 22.03.2025 во  00.05 часот во СВР Скопје В.А.(59) од с.Булачани скопско, пријавил дека на 21.03.2025 околу 20.30 часот настанал пожар во куќа сопственост на неговиот брат К.А.(53) од с.Булачани. Притоа, пријавителот заедно со неговиот брат успеале да го локализираат пожарот, а  на К.А. заради вдишаниот чад му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот е известен јавен обвинител,  а од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен бил увид.

На 22.03.2025 во 19.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д.(73) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом, по кратка расправија, упатувал закани и физички го нападнал неговиот 47-годишен син, а потоа со остар предмет продолжил со заканите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
       
Денеска (23.03.2025) во 00.25 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода П.Л.(41) од Свети Николе, по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека на 22.03.2025 околу 22.25 часот агресивно се однесувал и упатувал закани кон неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во 2024 пријавениот изведувал градежни работи на парцела во сопственост на РСМ,  без  одобрение за градење издадена од надлежен орган.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 06.03.2025 пријавениот во дворот од семејната куќа во село во Македонска Каменица агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата сопруга.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Г.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.01.2025 во дворот од семејната куќа во Тетово, пријавениот, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот татко.  цр/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан