• петок, 05 декември 2025

Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Во февруари годинава вкупно се потрошени 692 461 мегават часови електрична енергија, 39.165 милиони нормални кубни метри природен природен гас, 574 134 тони јаглен и 85 541 тони нафтени продукти.

Како што објави денеска Државнот завод за статистика, 82.4 проценти од потрошената енергија е од домашни извори, а 99,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во февруари 2025 година изнесува 570 529 мегаватчасови, што претставува 82,4 проценти од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Статистичките податоци покажуваат дека во февруари годинава во однос на февруари минатата година вкупната потрошувачка на природен гас е зголемена за 3,3 проценти, а потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 4,5 проценти. лв/цр/

фото.МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан