МВР Билтен
- Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом на Н.З.(40) од с.Бојане, скопско. При претресот се пронајдени и одземени 53 куршуми, дел од огнено оружје, две рачки од огнено оружје и други предмети.
Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом на Н.З.(40) од с.Бојане, скопско. При претресот се пронајдени и одземени 53 куршуми, дел од огнено оружје, две рачки од огнено оружје и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (07.12.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.12.2024 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.В.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.12.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Б.(29) од Скопје и И.Б.(22) од нас.Илинден, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (07.12.2024) во 05.11 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Прилепска“ во Битола патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.Б.(19) од с.Крклино,битолско удрило во Б.В.(39) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.В., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 06.12.2024 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Булачани,скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(66) од Скопје, и патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(30) од с.Црешево,скопско. Во несреќата возачот З.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде околу 20.30 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобиле Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка и уште една сопатничка од возилото „даеву матиз“ С.М.(61) од с.Булачани,скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.12.2024 во 22.25 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Ј.(36) од с.Инџиково, скопско пријавил дека на ул.„Сава Михајлов“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 06.12.2024 во 18.10 часот во Полициска станица Гази Баба, К.Х.(79) од Скопје пријавил дека на ул.„Габреш“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 06.12.2024 во 18.45 часот во СВР Скопје, М.З.(22) од Прилеп, пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 06.12.2024 во 15.05 часот во Полициска станица Гази Баба, М.Ш.(20) од Скопје пријавил дека на ул.„519“ во н.Керамидница во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 06.12.2024 во 19.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Ресен и полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Е.А.(51) од с.Грнчари, ресенско. По добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари и при претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување на канабис... По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.12.2024 во 19.50 часот, на улицата „Партизански бригади“ во Струга, лишен од слобода е И.О.(18), а на службен разговор се повикани Р.С.(21) и Б.М.(18), сите од струшкото село Лабуништа. При преглед во возило „тојота“ со дебарски регистарски ознаки, во кое тие се превезувале, полициските службеници кај И.О. пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.12.2024 во 13.10 часот во Кичево, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Т.(29) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана, пари и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.12.2024 во период од 00.35 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Групчин извршиле акциска контрола во угостителски објект во с. Желино, каде била приведена Н.С.(26) од Украина, која го злоупотребила туристичкиот престој, односно престојувала спротивно на целта. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
На 06.12.2024 во 10.15 часот полициски службеници од СВР Тетово во кругот на фабрика во Тетово, го лишиле од слобода Ш.С.(24) од с.Требош, тетовско, поради основи на сомнение дека е извршител на кривично дело „кражба“ на околу три тона котури со железо, кривично дело кое било пријавено истиот ден околу 08.55 часот од А.О., вработен во градежна компанија. Тој е задржан во СВР Тетово за расчистување на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 06.12.2024 во 15.30 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Штипска" во Тетово го лишиле од слобода В.Ф.(37) од с. Горно Палчиште, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело „тешка кражба“, извршено во текот на минатата недела во угостителски објект во с.Пирок, каде биле украдени пари. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
фото: МИА архива