• вторник, 12 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - На 08.11.2024  во 16.45 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Благоја Тоска" во Тетово, го лишиле од слобода Б.Ш.(24) од Тетово, кај кого била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.11.2024 во 22.30 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.З. (31) од Гостивар. Во неговиот дом и помошни простории во Гостивар со судска наредба бил извршен претрес и при претресот била пронајдена и одземена марихуана. Тој  е задржан во полициска станица и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На  08.11.2024 во 19.25 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го привеле В.Т.(67) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека тој со неговото патничко возило ,,мерцедес" со скопски регистерски таблици, на автопатот Тетово - Скопје се движел во спротивен правец, од наплатна станица Тетово кон наплатна станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следуват соодветни поднесоци.

На 09.11.2024 во 00.25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија З.У.(20) од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, сторено на 08.11.2024 година во 23.30 часот пред спортска сала во Охрид. Притоа, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле С.Д.(25) од селото Лактиње, општина Дебрца, Ф.Б.(22) и И.А.(22), двајцата од Охрид. Во врска со овој настан, на 09.11.2024 во 00.40 часот, во СВР Охрид повикан е Х.С.(20) од Охрид и пронајдено е моторно возило „бмв“ со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот.  Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

На 08.11.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје, Л.Ш.(34) од с.Елово, скопско, пријавил дека околу 18.00 часот во автобус кој се движел од с.Батинци кон Марков манастир, неговата малолетна ќерка била физички нападната од еден малолетник од с.Батинци. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 08.11.2024 во 18.25 часот во СВР Скопје И.Л.(33) пријавил дека во с.Волково,скопско, бил физички нападнат од В.Л.(35), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 06.11.2024 во 03.43 часот во СВР Скопје А.М.(21) од Скопје пријавил дека во казино на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.11.2024 во 14.55 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Истибања, виничко, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред со физичка пресметка помеѓу В.С.(57) од една страна и Љ.З.(70) и О.З.(45) од друга страна, сите од с.Истибања, виничко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.07.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ж.Т.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.07.2024 на бул.„Св. Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Н.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.04.2024  на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хашиш.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Л.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.07.2024 на ул.„Коце Металец“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.07.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени саксија со стебла од растението канабис и дигитална вага на која имало остатоци од кокаин. миа/миа/

фото: МИА

Остани поврзан