• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Тетово фатени двајца избегани од затвор

Во Тетово фатени двајца избегани од затвор

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Полицијата утрово околу 2 часот во Тетово ги лишила од слобода Е.З. (24) и А.О. (24), и двајцата од скопското село Грчец, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.

Како што информира МВР, Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години, а А.О. на казна затвор од три години. 

- Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено-поправна установа, се наведува во соопштението од МВР. мд/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан