МВР Билтен
- На 30.12.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.Ш.(50) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - На 30.12.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.Ш.(50) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 30.12.2024 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.О.(26) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 400 парчиња разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (31.12.2024) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода К.А.(19) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.12.2024 во 20.00 часот во Скопје, на место викано Сончев град, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода З.С.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.12.2024 во 20.25 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.12.2024 во 10.50 часот и во 13.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Д.Н.(19) и Ф.М.(21), двајцата од село Криволак, неготинско. Тие се сомничат дека во периодот од 29.12.2024 до 30.12.2024 одзеле повеќе предмети од општинско основно училиште во село Криволак. Предметите биле пронајдени и вратени во училиштето. Д.Н. и Ф.М. биле приведени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.12.2024 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(31) од Петровец затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.12.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.12.2024 во 18.30 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Ј.(26) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што при преглед кај него и во возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 30.12.2024 во 12.00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода Д.Р.(30) од Шуто Оризари, скопско. При преглед кај него биле пронајдени разновидни пиротехнички средства. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (31.12.2024) во 03.40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат од населбата Теферич кон с.Шум, струшко, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.О.(27) од Охрид, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Л.М.од с.Заграчани, струшко, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 30.12.2024 во 20.35 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Радовиш - Струмица, делница помеѓу крстосница за село Василево и Струмица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 30.12.2024 во 13.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Карпош“ во Битола, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(47) од Битола, удрило во З.Д.(61) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола.
На 30.12.2024 во 19.00 часот во ОВР Гостивар, Н.И.(71) од с.Балиндол пријавил дека на улица „Балиндолска“ во Гостивар бил каснат од куче скитник. цр/
Фото: МИА архива