• среда, 29 јануари 2025

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Синоќа околу 22.30 часот на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција  го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје. Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено - поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци. При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка.  

Полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државен пазарен инспекторат, вчера во Куманово ги привеле Р.М. (53), Х.Р.(43), А.А.(52) , С.Ф. (69), Ф.Ј. (43) , А.С.(74), Н.И.(70), А.И.(56) и еден малолетник, сите од Куманово, затоа што на Градскиот пазар и пазарот во село Долно Којнаре, кумановско, биле затекнати при вршење нелегална продажба на тутун. Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени 269 килограми тутун. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. Одземениот тутун бил предаден на Државен инспекторат за земјоделие, додека од Државен пазарен инспекторат ќе бидат преземени мерки за вршење нерегистрирана дејност.   

Вчера во 09.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Џ.К.(49) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија дрога и оружје при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка пронашле и одзеле ловечка пушка „Бајкал“ и патрони со калибар 12 за пушката. Џ.К. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (27.01.2025) во 02.25 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј.(20) и Д.Ѓ.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Х.(27) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Синоќа во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Т.(30) од с.Шишево, скопско и О.К.(36) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Синоќа во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(22) од с.Бардовци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Денеска (27.01.2025) во 01.00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Е.Р.(20), Б.Д.(21) и М.Д.(22), сите од с.Добридол, затоа што при преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Р., а другите двајца биле сопатници, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол „Глок“. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле слобода Ј.Џ.(43) од Гостивар поради основано сомнение дека на 25.01.2025  извршил „тешка кражба“, при што од А.Б(40) од Гостивар одзел гулаби. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 25.01.2025 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(65) од с.Копачин Дол, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Кај него бил пронајден и одземен скутер без регистарски таблички, кој потекнува од кривичното дело и кој бил вратен на сопственикот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 04.30 часот на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, полициски службници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца малолетници од  Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на кражба во продажен објект. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 10.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени нож и метална палка. По целосно документирање на случајот  ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје - Средно Водно се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(60) и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(34), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Ј., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички М.К.(34) и шестмесечно бебе, како и возачот С.Б. и неговите сопатници В.Ј.(29) и К.В.(30), сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 11.10 часот во ОВР Неготино, Г.И.(43) од Неготино пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Вчера во 13.50 часот во ОВР Неготино, И.Т.(76) од Неготино, пријавила дека на улица „Киро Крстев“ во Неготино била касната од куче со сопственик. дма/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан