• четврток, 30 јануари 2025
МВР Билтен

28 јануари 2025

На 27.01.2025 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Ј.П.(27) од Охрид, со привремен престој во Битола. При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дробилка, вага и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава. 

На 27.01.2025 на ул.,,Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.Ќ.(32) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување казна затвор од три години, четири месеци и 26 дена за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната. 

На 26.01.2025 околу 23.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.Т.(33) од Штип. Тој бил затекнат при извршување разбојничка кражба во куќата на Л.П. во Штип, при што одзел пари, накит и други предмети. Откако бил забележан од сопственикот, тој се обидел да побегне и започнал физичка пресметка со него. Ј.Т. бил задржан во полициска станица и кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 27.01.2025 во 20.50  часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ј.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 27.01.2025 во 20.00 часот,  полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.П.(45) од Кавадарци, кој бил баран со наредба на Основен суд Кавадарци за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната. 

На 27.01.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (28.01.2025) во 00.30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го привеле Т.Ј.Б.(35) од Република Турција затоа што при извршена контрола било констатирано дека непријавено престојувал во државата, со што сторил прекршок по член 190 од Законот за странци. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка. 

На 27.01.2025 во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола, патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(29) од Битола, удрило во велосипедистот С.Г.(52) од Битола. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола. 

На 27.01.2025 во 17.45 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(55) од Скопје пријавил дека на ул.„Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 27.01.2025 во 17.50 часот во Полициското одделение Теарце, З.М.(46) од с.Слатино, тетовско, пријавил дека околу 15.30 часот во селото, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. 

На 27.01.2025 во 11.50 часот во СВР  Битола, Б.С.(18) од Битола пријавила дека кај спортската сала  „Боро Чурлевски“ во Битола била касната од куче скитник. 

Фото: МИА

Остани поврзан