• петок, 16 мај 2025

Косовски државјанин со италијански фалсификувани документи приведен на Блаце

Косовски државјанин со италијански фалсификувани документи приведен на Блаце

Скопје, 24 прилч 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Фалсификување исправа“.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот на 24 април, веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола.

- Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, стои во соопштението. мд/сст/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан