МВР Билтен
- СООПШТЕНИЕ - СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А. (20) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.11.2024 во Свети Николе, полициски службеници извршиле преглед на пријавената, при што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А. (20) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.11.2024 во Свети Николе, полициски службеници извршиле преглед на пријавената, при што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Р. од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. На 29.12.2024 на автопатот Скопје- Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел антара“ управувано од пријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени пиротехнички средства, за кои не поседувал документација.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.П. (37) од Струмица, поради постоење основи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 27.02.2025 во Струмица, пријавениот кој што управувал патничко возило „мерцедес“ наместо да застане на даден знак на полициски службеници заради легитимирање и контрола, директно се упатил кон нив со возилото, при што удрил еден од полициските службеници, нанесувајќи му повреда.
Денеска (03.04.2025) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.04.2025 во 17.10 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(39) од Косово, затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги од СВР Скопје, а по претходно распишана потерница од ОЈО-Скопје. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.
На 02.04.2025 во 19.10 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.О. (67) од Турција, поради тоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека лицето евидирало со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.
На 02.04.2025 во 22.10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(35) од Скопје, по претходна пријава дека во угостителски објект на подрачјето на Карпош агресивно се однесувал кон вработените во објектот, кршел дел од инвентарот, упатувал закани со остар предмет, а со стаклен предмет му нанел повреда на раката на еден од вработените. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.04.2025 во 22.30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(29) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2025 во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(27) и Ф.С.(32), двајцата од Скопје, поради тоа што физички го нападнале И.С.(24) од с.Арачиново,скопско, а употребен бил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.04.2025 во 10.27 часот на Граничниот премин Богородица, патничко возило „ауди” со српски национални ознаки, ја избегнало граничната контрола, односно без да запре и да му се извршат гранични проверки и царинска контрола, преку лентата за автобуси, остварило влез и се упатило по автопатот во правец кон Скопје. Исто така и од Граничниот премин Евзони - Р.Грција било известено дека возилото на ист начин ја избегнало граничната контрола и на грчката страна. По преземени мерки возилото било запрено на наплатна рампа „Смоквица“. По извршената контрола, констатирано било дека возилото било управувано од Н.Т. (42) од Р.Србија, а во возилото сопатници биле неговата сопруга и две малолетни деца. Н.Т. е приведен и привремено згрижен во психијатриската болница во Негорци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско село пријавила дека на 27.03.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Т.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2025 во 16.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Е.(50) од Скопје по претходна пријава дека околу 13.50 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, агресивно се однесувал кон Л.Ф.(38) од Скопје и и упатувал закани, а исто така и го оштетил и возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.04.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје П.А.(42) од с.Идризово,скопско пријавил дека околу 15.00 часот во дворот од неговиот дом бил физички нападнат од Ф.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје Е.А.(39) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари четири малолетници со употреба на сила му одзеле ранец и дуксер и со закана му побарале пари на неговиот малолетен син, но потоа му ги вратиле дуксерот и ранецот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: МИА