МВР билтен
- Полициски службеници синоќа на различни локации во Скопје ги лишија од слобода М.Е.(26), Р.Ј.(24), Х.Ј.(31), П.Ј.(39) и С.Д.(48) од Скопје, Н.Ц.(31) од Крива Паланка и Х.Ф.Х.(24) од Република Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.
Скопје, 4 октомври 2025 (МИА) - Полициски службеници синоќа на различни локации во Скопје ги лишија од слобода М.Е.(26), Р.Ј.(24), Х.Ј.(31), П.Ј.(39) и С.Д.(48) од Скопје, Н.Ц.(31) од Крива Паланка и Х.Ф.Х.(24) од Република Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Во СВР Скопје вчера во 18:40 часот е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Јане Сандански“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.К.(59) од Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(32) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(25) од с.Текија, скопско и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(78) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“ Ј.Д.(31) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил М.К., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На Граничниот премин Долно Блаце, вчера во 20:25 часот полициски службеници го лишија од слобода Б.М.(21) од с.Горно Врановци, општина Чашка, затоа што при извршена контрола на патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, е пронајдена и одземена марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
А.Д.(50) од Скопје вчера во 12:30 часот во СВР Скопје пријави дека на 29.09.2025 во кругот на приватна фирма на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, каде што работел, забележал оштетување на кровот на патничко возило „тојота“ од заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На Граничниот премин Табановце, вчера во 09:25 часот од страна на полициски службеници е лишен од слобода М.М.(19) од Прилеп. Истиот ден околу 06:45 во ОВР Прилеп било пријавено дека по претходно случена сообраќајна несреќа во Прилеп, настанала расправија и М.М. со остар предмет му нанел повреди на М.Џ.(43) од Прилеп, по што се дал во бегство. Но, по преземени мерки, М.М. е лишен од слобода и предаден на ОВР Прилеп, а по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
Во СВР Скопје вчера во 17:30 часот е пријавено дека во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Ф.(36) од скопско и З.А.(55) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во СВР Скопје вчера во 16:25 часот е пријавено дека во с.Катланово починал М.П.(47) од Р.Србија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
На бензинска пумпа на подрачјето на Карпош во Скопје, вчера во 05:00 часот полициски службеници од СВР Скопје, го привеле А.М.(23) од Скопје, по претходна пријава дека тој заедно со Ј.Б.(22) и T.Н.(24) од една страна и Х.Ш.(19) и 17-годишен малолетник, од друга страна, сите од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во 16:05 часот во с.Истибања, виничко, ги лишија од слобода А.А.(29) и Ф.В.(19) двајцата од Виница. При преглед на патничко возило „голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.А., а сопатник бил Ф.В., пронајдена е и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.вј/
Фото: МИА архива