МВР Билтен
- На различни локации во градот, вчера и денеска, полициски службеници од СВР - Скопје ги лишиле од слобода Л.Р.(20), И.Љ.(33), М.М.(36), Ј.С.(32), И.С.(31), И.И.(30) и Ф.И.(32), сите скопјани, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и нож.

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - На различни локации во Скопје вчера и денеска, полициски службеници ги лишиле од слобода Л.Р.(20), И.Љ.(33), М.М.(36), Ј.С.(32), И.С.(31), И.И.(30) и Ф.И.(32), затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и нож.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Синоќа околу 19:10 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски таблици, управувано од Л.А., 69-годишна скопјанка, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Л.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје.
Синоќа во 21:15 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на крстосница од улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Н., на возраст од 18 години од главниот град на државава и патничко возило „бмв“ со чешки национални ознаки, управувано од Т.К., 24-годишно лице од Струга.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“, С.Ј., на возраст од 20 години од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште две сопатнички од возилото „фолксваген голф“, А.Ф. и М.Р., на возраст од 20 и 19 години, двете скопјанки, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје.
Вчера во 14:10 часот во ОВР - Делчево било пријавено дека на улицата „Генерал Темпо“, патничко возило „фиат“ со делчевски регистарски таблици, управувано од Г.П., на возраст од 26 години, удрило во малолетник, двајцата од овој град.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Здравствениот дом во Делчево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Делчево.
Вчера во 12:15 часот во ОВР - Гостивар било пријавено дека на патот Гостивар -Кичево, мотоцикл „хонда“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Г.И., на возраст од 33 години од Скопје, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Гостивар.
СВР - Струмица поднесе кривична пријава против З.В., на возраст од 23 години од Злетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 31.12.2024 во село Доброшинци, струмичко, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР - Битола поднесе кривична пријава против Б.М. од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 30.12.2024 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Денеска околу еден часот во СВР - Велес, од страна на вработен во КПУ Идризово - Отворено одделение - Велес, пријавено било дека во соба кај Ф.Е., 31-годишен велешанец, кој издржувал казна затвор, била пронајдена бела прашкаста материја.
Од страна на полициски службеници од СВР - Велес, пронајденото е одземено и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска во 5:10 часот во Полициската станица - Кочани, К.С., на возраст од 49 години од овој град, пријавил дека околу 1:30 часот во градот, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Х.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во три часот во Полициската станица - Виница, С.Т., на возраст од 33 години од село Истибања, виничко, пријавил дека околу 2:20 часот во селото, по претходно недоразбирање, М.М. од село Моштица, Македонска Каменица, се обидел да го нападне со остар предмет, а потоа му упатувал закани по телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 23.45 часот пред угостителски објект во село Младо Нагоричане, полициски службеници од СВР - Куманово го привеле М.А., на возраст од 25 години од Република Србија, затоа што агресивно се однесувал и омаловажувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а по извршено алкотестирање, утврдено било дека бил под дејство на алкохол.
Известен е јавен обвинител од ОЈО - Куманово и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска во 00:45 часот во СВР - Куманово било пријавено дека во централното подрачје во градот бил нарушен јавниот ред и мир.
Јавниот ред и мир бил нарушен, според пријавата, со физичка пресметка помеѓу М.А., на возраст од 23 години и Д.А., 52-годишно лице, двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 21:27 часот во СВР - Куманово, Н.М. од село Режановце, кумановско, пријавила дека од домот во село Љубодраг, кумановско, се оддалечил нејзиниот брат С.С., 49-годишник кој имал здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера во 9:20 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Ѓ., 19-годишен кумановец, по претходна пријава од неговата 24-годишна девојка од овој град, дека околу осум часот, во неговиот дом физички ја нападнал.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 18 часот во ОВР - Струга, лишени од слобода се Е.Д., на возраст од 28 години од Тетово, Ш.Т., 25-годишно лице од Турција, со привремен престој во Скопје, А.Д., на возраст од 25 години од Сенегал, со привремен престој во Гостивар и 31-годишниот германски државјанин А.А..
Тие се сомничат дека за време на спортски натпревар одржан вчера во Струга, сториле кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Денеска во 1:52 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го привеле С.Б.Ф., на возраст од 22 години од Република Бугарија, по претходна пријава од негова 58-годишна роднина од Скопје, дека околу еден часот во нејзиниот дом, физички ја нападнал.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 2:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници го лишиле од слобода А.И., 26-годишен скопјанец, по претходна пријава од Џ.С., на возраст од 32 години, исто така од овој град, дека вчера, по претходно недоразбирање, А.И. со остар предмет и огнено оружје им упатувал закани на него, неговиот брат и неговиот чичко, а потоа со тврд предмет физички го нападнал пријавителот.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Денеска во 4:36 часот во СВР - Скопје, М.С., на возраст од 30 години од село Крушопек, скопско, пријавил дека во селото било опожарено неговото патничко возило „алфа“.
Од Бригадата за противпожарна заштита - Скопје, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17:15 часот во СВР - Скопје, Ј.Ј., 24-годишен скопјанец, пријавил дека околу четири часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од И.Х.С..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17:18 часот во СВР - Скопје било пријавено дека околу 16:50 часот на паркинг - простор на подрачјето на Сарај, малолетник од скопско село бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во СВР - Скопје, М.И., на возраст од 56 години и Л.М., 71-годишно лице, од главниот град на државава, пријавиле дека на гробиштата во Бутел, од гробни места биле одземени две бронзени бисти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 6:10 часот во СВР - Скопје, пријавено било дека во парк на подрачјето на Карпош, пронајден бил починат Ф.Џ., 45-годишен скопјанец.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. бд/
Фото: МИА архива