МВР Билтен
- СВР - Битола поднесе кривична пријава против З.Т., на возраст од 64 години од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

Скопје, 18 април 2025 (МИА) - СВР - Битола поднесе кривична пријава против З.Т., на возраст од 64 години од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
На 3 април во близина на село Инче, општина Македонски Брод, полициски службеници извршиле контрола над патничко возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
СВР - Куманово поднесе кривична пријава против K.Р., на возраст од 44 години од село Отља, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 22 јануари, полициски службеници извршиле претрес во домот кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
СВР - Велес поднесе кривична пријава против М.Л., 46-годишен велешанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал“.
На 16 февруари, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 милиметри со рамка и куршуми со калибар 7,65 милиметри.
СВР - Битола поднесе кривична пријава против Ц.Н., 57-годишно лице од село Ботушје, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал“.
На 16 февруари, полициски службеници извршиле претрс во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 и патрони за ловечката пушка калибар 12.
Во текот на вчерашниот ден и денеска, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР - Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(19), П.Ѓ.(19), В.А.(35), Ф.М.(31), З.Д.(38) и М.К(29), сите скопјани, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Синоќа во 20:30 часот на граничен премин „Делчево“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Л., на возраст од 57 години од Република Полска, затоа што при гранична контрола приложил фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко возило „бмв“ со полски национални ознаки, што го управувал.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а лицето било предадено во ОВР - Делчево за понатамошна постапка.
Вчера во 10:45 часот на граничен премин „Долно Блаце“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.Ј., на возраст од 49 години од село Сарај, скопско, затоа што при гранична контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, што го управувал, било барано по Интерпол.
Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, а возилото му било одземено.
Вчера во 10:40 часот во СВР - Скопје, В.Н., 54-годишна скопјанка, пријавила дека претходната ноќ, во 23:04 часот во градски автобус на ЈСП - Скопје на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две машки лица.
Се преземаат мерки за расистување на случајот.
Синоќа во 19:40 часот во СВР - Скопје, Х.О., 18-годишник од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу 19:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 19 часот во СВР - Скопје, Д.В., 43-годишен скопјанец, пријавил дека околу 16:25 часот на кеј на река Вардар, на подрачјето на Центар, две машки лица физички го нападнале неговиот малолетен син и со закана со тврд предмет му одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 1:10 часот во Полициската станица - Чаир, А.М., на возраст од 46 години од Скопје, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Љ.М., 44-годишна скопјанка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Синоќа во 20:20 часот во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода З.Х., на возраст од 43 години од село Просениково, струмичко.
Тој, околу 17 часот со неговиот трактор, насилно влегол во шумски склад на ЈП „Национални шуми“, подружница Беласица - Струмица и оштетил возило, што претходно било одземено и паркирано во складот. Лицето било задржано во Полициската станица - Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица. По целосно документирање на случајот, против З.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 14 часот во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Ш., на возраст од 56 години од село Мала Речица, тетовско и Н.С., 55-годишно лице од село Камењане, тетовско.
При контрола во возилото „ауди“ со тетовски регистарски таблички, што го управувал Н.С., било констатирано дека вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Додека, при преглед кај Х.Ш., кој се превезувал во возилото, биле пронајдени и одземени околу 40.000 евра во различни апоени. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 279 и член 284-а од Кривичниот законик.
Вчера во 18:45 часот во Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода М.Д., 25-годишна скопјанка, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, на подрачје на општина Аеродром, физички ја нападнала својата 78-годишна баба.
По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Синоќа во 21:25 часот во СВР - Скопје, Д.М., 48-годишна скопјанка, пријавила дека во 16:30 часот на кеј на река Вардар, на подрачјето на Центар, нејзиниот 17-годишен син бил физички нападнат од три лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 20:20 часот во СВР - Скопје, Ш.Д., 51-годишен скопјанец, пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Л.Д.(27), од една страна и Б.И.(35) и С.И.(44) од друга страна, сите скопјани, при што му бил оштетен мотоциклот.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 9:04 часот во СВР - Скопје, Х.А., 31-годишник од Берово, пријавил дека околу 8:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од едно машко лице, кое употребило тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:15 часот во Полициската станица - Гази Баба, Р.А., 75-годишник од Скопје, пријавил дека од семејниот дом од населба Ќерамидница се оддалечиле неговите три внуки - К.М.(15), В.М. и И.М..
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. бд/вг/
Фото: МИА архива