• четврток, 05 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Денеска (05.09.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(29) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (05.09.2024) во 02.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.09.2024 во 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(39) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 04.09.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(29) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 04.09.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 04.09.2024 во 15.30 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Б.(41) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.  

На 04.09.2024 во 07.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода П.Ф.Г. од Сојузна Република Германија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека косовската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка  за понатамошна постапка.

На 04.09.2024 во 17.34 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Кадрифаково, кон населба „Три Чешми“ во Штип, патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(59) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 04.09.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„1033“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(56), удрило во велосипед управуван од Љ.А.(42), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 04.09.2024 во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„20“ во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ф.(40) и мотоцикл „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ш.(29), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.И.(21) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 04.09.2024 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(34) од село Сарај, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(38) од село Патишка река, општина Сопиште, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 04.09.2024 во 11.10 часот во Полициската станица Гази Баба, З.С.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 04.09.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Х.(36) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 04.09.2024 во 14.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.С.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан